Кога зборуваме за чоколадо- отпорот е залуден

Регина Брет ги напиша своите животни лекции, ноќта пред својот 45- роденден, откако откри дека има рак на градите. Таа денес има 65 години, а овие универзални лекции на сите им се мал потсетник на она што е важно во животот.

1. Животот понекогаш не е фер, но добар е.

2. Кога не си сигурна, напред зачекори со мали чекори.

3. Животот е прекраток за да се троши време за омраза.

4. Не се сфаќајте себе премногу сериозно. Никој така не ве доживува.

5. Плаќајте ги вашите сметки секој месец.

6. Не мора да бидете во право во секоја расправија. Сложете се дека не се сложувате.

7. Кога плачете, плачете покрај некој. Побргу ќе се смирите отколку да плачете сами.

8. Штедете за пензија, почнувајќи од првата плата.

9. Кога зборуваме за чоколадото, отпорот е залуден.

10. Помирете се со минатото, за да не ви ја поремети сегашноста.

11. Потполно е во ред децата да ве видат како плачете.

12. Не го споредувајте својот живот со другите, немате појма какво е нивното патување низ животот.

13. Ако врската мора да биде тајна, тогаш не треба да бидете во неа.

14. Животот е прекраток за да се жалите. Повеќе трудете се да живеете.

15. Можете да поминете низ било што ако се држите до сегашноста.

16. Ако нешто сакате во животот, не прифаќајте НЕ за одговор.

17. Сега бидете ексцентрични. Не чекајте старост за да облечете виолетов фустан.

18. Најважен орган во љубовта е мозокот.

19. Никој не е задолжен за вашата среќа освен вие самите.

20. Запрашајте се дали ова денес што ве мачи, ќе ви биде важно за 5 години

21. Простете им на сите се’.

22. Она што другите луѓе го мислат за вас, баш ви е гајле.

23. Колку некоја ситуација е добра или лоша, ќе се промени, ќе помине.

24. Верувајте во чуда.

25. Она што нема да те убие, ќе те направи посилен.

26. Излезете секој ден надвор. Чуда ве чекаат на секој чекор.

27. Не го проценувајте животот, туку живејте.

28. На крајот е најважно да сте сакани.

29. Зависта е губење време. Имате се’ што ви треба.

30. Без оглед како се чувствувате, станете, облечете се и појавете се.

31. Ако не прашате, нема ниту да добиете.

32. Животот не е завиткан во убава хартија со панделка, но и понатаму е дар.

Regina Brett

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: