Кога ќе ти затреба помош, сфаќаш дека луѓето немаат само едно лице, туку сто маски

Кога ќе ти треба помош во животот, ќе доживееш вистинско изненадување, измешано со шок. Прво ќе те изненадат оние од кои очекуваш помош, а ќе исчезнат без трага, а потоа позитивно ќе те изненадат оние кои ти помагаат, а од нив не очекуваш.

Тоа сознание може да ти биде драгоцено. Токму во тој момент ќе откриеш кој е човек, ќе го прочиташ. Немој да те излаже мислењето за луѓето, кое си ги имал во моментот кога ти било добро, кога си имал пари, кога си ги собирал успесите на различни полиња, бидејќи она што луѓето ти зборувале и правеле за тебе е повеќе резултат на твоето постигнување, отколку поради она што си ти, навистина.

Кога ќе ти затреба помош во животот, научи добро да ги набљудуваш луѓето, бидејќи немаат само едно лице, луѓето имаат уште стотина маски кои по потреба ги користат во различни ситуации.

Кога ќе ти затреба помош во животот, знај дека нема да ја добиеш од оние од кои си очекувал цело време, оние кои се правеа големи алтруисти и хуманитарци, оние кои често го спомнуваат зборот пријател, човек и користат такви фрази, срцето твое да се стопи од нежност.

Кога ќе ти затреба помош во животот, научи добро да ги набљудуваш луѓето, бидејќи тука најдобро ќе видиш колку луѓето се разликуваат. Се делат на оние кои ќе ти помогнат, без приговарање и потценување и оние кои ќе ти поставуваат услови и ќе бараат некој додатен интерес, за тоа што ќе ти помогнат.

Ќе видиш дека оние моќните, оние кои многу имаат, оние кои се преправаат дека се добри, брзо ќе исчезнат, а ќе останат една рака луѓе кои се твоите вистински пријатели.

Тоа сознание, нека ти биде показател, во кој смер ќе оди твојата иднина, кои луѓе ќе ги почитуваш како капка вода на дланка, а од кои ќе го кренеш сидрото и ќе тргнеш во нов живот без нив.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: