Кој ги слуша нашите молитви, зошто луѓето се молат?

Милиони луѓе се молат на својот Бог кој се разликува во културите, религиите и регионите на светот. Молитвата е најчестиот начин на комуникација со Вишата сила. Христијанството, јудизмот, исламот и хиндуизмот искажуваат вера и моќ на исцелување преку молитвата. Неколку нации и култури исто така веруваат дека молитвата служи како алтернативен облик на лекот. Покрај тоа, научните студии откриваат дека молитвата може да ги заштити луѓето од болести. Понатаму, ако болна личност се моли или други се молат за неа, тоа му помага на многу брз и здрав начин да се опорави.

Многу луѓе ја искусиле моќта на молитвата од прва рака. Молитвата делува како многу добра терапија. Човечкото верување е тесно поврзано со молитвата, воглавно од причина што чинот на молитвата е најинтимен начин на комуникација со Бог. Како резултат на тоа, се’ поголем број на медицински истражувања на водечките свеучилишта и медицински установи по светот искажаа силно уверување во молитвата која може да го раздвижи процесот на оздравување.

Тоа е поради внатрешната среќа и уверување кои се потикнати со чинот на молитвата. Исто така, исцелителската сила на молитвата докажана е низ историјата на човекот. Медицинските благодети на молитвата се огромни и очигледни во физичка, психолошка, медицинска и социјална грижа. Многу истражувања открија позитивно влијание на молитвата, вклучувајќи го и зајакнувањето на имуниот систем, како и намалување на стресот, напнатоста и депресијата. Пронајдени се и молитви за стабилизирање на крвниот притисок, смалување на шансите за ментални болести и кардиоваскуларни функции.

Се вели дека луѓето кои редовно одат во црква имаат тенденција да живеат седум години подолго од личностите кои тоа не го прават. Чинот на молитвата е разговор со Виша сила. Им помага на луѓето да развијат поцврст и поблизок однос со Бог. Луѓето пронаоѓаат божествена прилика да го прифатат праведниот живот и да се покаат за своите минати грешки. Молитвата ни дава надеж и го посветува нашиот живот во тешки околности. И покрај сомнежите во исцелителската моќ, молитвата е една од најголемите привилегии на човештвото и религиите.

За верниците Бог е невидлив, но сеприсутен. Него можат да му се обратат само со молитва која ја олеснува болката. Молитвата на луѓето често им го олеснува решавањето на нивните најдлабоки стравови, ранливост и болест. Многу луѓе пронаоѓаат надеж и храброст со молитва да го сменат светот. И покрај технолошкиот напредок, постојат безброј работи кои сеуште се надвор од човечката контрола и разбирање. Тоа може да се сфати преку молитва.

Луѓето обично молат во тишина и осаменост што носи душевен мир. Тоа доведува до намалување на метаболизмот, посмирена работа на срцето и стабилен крвен протисок. Затоа, науката сугерира дека секојдневна молитва од 15 мин може да го продолжи животот. Луѓето со молитвата постигнуваат сила, храброст и самодоверва за соочување со големите предизвици. Еднаш кога ќе ги отвориме своите срца и својот ум и дозволиме духовно будење преку молитва, можеме да се чувствуваме охрабрени, силни и излечени.

извор: consciousreminder

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: