5 знаци дека со вашиот живот управуваат туѓите мислења

Како човечки суштества се потпираме едни на други со цел да преживееме, па затоа и не е чудно што ни е важно што другите мислат за нас. Меѓутоа, ако дозволите тоа да влијае на вашата комплетна слика за себе, ќе го ограничите својот животен потенцијал, ќе ги отуѓите луѓето кои можат најмногу да ве поттикнат, нема да имате финансиска слобода и никогаш нема да успеете да му покажете на светот кои сте всушност и што можете. Стравот од тоа што другите мислат за вас е проблем кај сите. Меѓутоа, како да знаете дали тоа и вам ви се случува? Овие се некои работи на кои треба да се внимава.

1. Станувате социјален камелеон. Ги знаете оние луѓе кои се менуваат за да се вклопат секаде? Ако се преправате за да се вклопите во друштво, веројатно се плашите дека другите нема да ве прифатат затоа што сте поинакви од нив. Понекогаш сте во право. Меѓутоа бидете секогаш она што сте, бидејќи ако не сте, кои сте тогаш? И зошто сакате да станете нешто што не сте? Само затоа да ве прифати некој? Животот е премногу краток за такви работи.

2. Се извинувате поради се’ што ви се допаѓа. Претпоставувате дека другите луѓе ќе ве осудуваат или ќе ви се смеат зад грб поради она што е по ваш вкус, а нив не им се допаѓа. Потоа се преправате дека се сложувате со нив. Во сето тоа заборавате дека станувате бледа копија на другите луѓе и дека се оддалечувате од она што сте.

3. Постојано се прашувате што другата личност мисли. Ако сте толку зафатени обидувајќи се да читате нечии мисли, за да се уверите дека се’ што ќе кажете или направите е прифатено од другиот, знајте дека не живеете во сегашноста. И секако не обрнувате внимание на личноста со која комуницирате. Пропуштате толку многу, на повеќе нивоа, а само е потребно да се опуштите и препуштите. И да бидете она што сте.

4. Носите маска. Не во буквално значење, туку во смисла дека ја криете својата вистинска природа. Не се однесувате исто на работа, кога излегувате, во продавница, кога некаде одите…што криете? Колку е страшно да се биде тоа што сте? Стравот е тој кој во потполност ве контролира и поради него така се однесувате. Во суштина, сте станале некој кој не сакате да бидете.

5. Го потиснавте својот жар. Сетете се на сите оние ситуации кога имавте одлични вести. Посакувавте тоа да го огласите на сите ѕвона. Но, тоа не го направивте. Бидејќи се плашевте дека ќе звучи како се фалите. Или мислевте дека некој ќе ве осуди. Или дека некој ќе биде љубоморен. И токму поради тоа го потиснавте своето светло, својот жар, својата радост и среќа. И на крајот, со самото тоа и вие станавте помалку среќни. Но, дали е тоа вредно?

извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: