Тоа е наједноставниот факт за љубовта. Љубовта не треба да ве повреди, таа треба да ве лечи. Љубовта не е тешка. Патолошкото врзување е тешко, тагата, очекувањата, несвесните стравови и старите трауми. Тешко е кога ќе се изгуби чувството на сигурност. Тешко е да се соочите со светот кога мислите дека ќе имате некој за да се потпрете. Тешко е да сфатите дека сте изгубиле некој од кој очекувавте подршка. Оној што ќе ви помогне да се најдете себе. Тешко е да имате потенцијална верзија на својата иднина во која најмногу вложивте. Но, љубовта не е тешка.
Тешки се маските кои се носат поради љубовта. Љубовта не ве тера да се преиспитате дали вредите за нечие време. Љубовта не ве остава да се сомневате во своите особини, навики, интереси, своите хирови и мали нијанси поради кои сте она што сте. Поради љубовта не се чувствувате дека мора да се натпреварувате со некој друг. Љубовта не ве тера да ја докажувате својата добрина пред да можете да ја примите од друг.
Љубовта е присутност, а не апстракција. Тоа не е нешто за кое треба премногу да се размислува и калкулира. Оние кои ги сакаме постојат во нашиот живот во стварно време. Љубов е кога присуството и страста ќе се сретнат..Љубов е кога едноставно е. Не во теорија, не во некој иден датум, не во ветувањата, не во зборовите- туку во секој момент секој ден.
Љубовта е исцелителска сила. Љубов е осознавање на некој и одвнатре и однадвор. Тоа ќе го направи вашата сродна душа. Наместо да критикуваат, тие ќе користат благи зборови. Наместо да ве гледаат од висина, тие ќе ви помогнат позитивно да гледате на себе. Наместо да се обидат да ве поправат, тие ќе чекорат покрај вас се додека вие се поправате себе. Ќе сфатите што ви се допаѓа и што ви треба и ќе се потрудите секој ден да ви покажат добрина, благодарност и труд. Не затоа што барате, не затоа што ви треба, туку затоа што е можен соживот со некој кој навистина ви годи.
Скршената љубов е нешто што мора да се поднесе за да добиете нешто подобро. Љубовта е многу длабока и многу поголема и од самите погледи и треперења во срцето. Тоа се две срца кои се поврзани заедно пред некој од вас тоа да го знае. Тоа е очигледна работа. Знаете кога почнавте да сакате. Знаете кога треба да бидете со некој. Љубовта не бара изобилство на свесни мисли- таа е единствен факт на вашиот живот, видлива за сите. Таа е она на што се надевате. Таа е она на што чекате. Таа постои, а вие знаете дека постои.
Еден ден ќе сфатите дека вашата сродна душа е вашиот учител за цел живот, исцелител и партнер. Тие се луѓето со кои до крајот на животот ќе ги правите оние секојдневни работи, а да не ви досади. И пред да ја запознаете својата сродна душа, ќе запознаете многу други љубови, оние кои ќе ве научат на лекции, ќе ви покажат подлабоки вистини и ќе ви помогнат да се соочите со своите најмоќни сенки- и ќе ве пуштат.
Вистина е дека љубовта која ни е наменета не’ прави да бидеме она што сме. Ако сте во врска која повеќе ве боли отколку што ви помага, време е да пуштите. Вашата сродна душа е некој кој ви помага да се излечите. Не некој после кој ви треба лечење.
Leave a Reply