На оној на кој му даде се’, а ништо не доби за возврат..

Нема ништо полошо од вистината дека човекот кој го сакаш престанува да те сака. Чувствуваш дека нешто се вовлече во вас и се обидува да ти ја извади душата. Беспомошна си и уплашена. Чувствуваш дека ништо не можеш да контролираш, направи се’ што можеше, но тоа не е доволно. Подготвена си да направиш се’ за него, подготвена да го сакаш повеќе од било кој, но тој сепак не те забележува, ја изгуби онаа личност на која порано можеше да се потприш, некој кој те познава подобро од другите и кој за тебе беше цел свет.

Се’ што посакуваше е тој да остане во твојот живот и да те сака колку што ти го сакаш. Но, работите испаднаа поинаку. Знаеш дека оваа токсична врска мора да се прекине. Да се отфрли теретот на неуспешна љубов од себе. Дури и ако сеуште не си рамнодушна кон него, она што тој чувствува е неспоредливо со твоите чувства. Можеби те сакаше со сето срце, но сега неговите постапки се лишени од љубов. Ја искористи твојата љубов, подршка и жртва.

Беше покрај тебе кога беше среќна, а си замина кога ти беше лошо. Почна да биде недоверлив. Дали навистина сакаш таков партнер покрај себе? Партнер со кој ќе живееш цел живот, ќе делиш храна, кревет, куќа? Што ако се случи некоја несреќа? Што ако се најдете во неволја совладани од тагата? Дали тој ќе биде покрај тебе или ќе те остави сама да се носиш со се’? Можеби сеуште не си свесна, но избегнуваш уште поголема неволја.

Нема ништо романтично да бидеш со некој кој не те сака како што заслужуваш. Нема ништо романтично во тоа да се посветиш на некој кој не те почитува и кој е без трпение. И нема ништо романтично во страдањето. Ова е себична и лоша личност и не мора да се носиш со неговата ладнотија. Битките кои сега се присутни во твојот живот засекогаш ќе останат во него ако го продолжиш односот со ваков човек.

Дали ти треба таа болка? Било какви односи со грешки се извор на нови сознанија и нова фаза на развој. Сфаќаш што ти треба од партнерот и што треба да избегнуваш. Учиш да си одиш кога нема смисла да се остане. Тргни се од такви луѓе. Да, ќе те боли во почеток, но ако вака продолжиш, ништо нема да се смени.

Но, што ако посакуваш очајнички да се одмаздиш?

Не вреди. Не го прави тоа, бидејќи така само се фокусираш на својата болка. Тоа е рана која не треба да се шири, ако не сакаш огромна лузна после неа. Нека се повлече сама од себе. А ако уште прашуваш за одмазда, знај дека веќе се одмазди со тоа што го напушти. И ќе зажали што те изгуби, бидејќи никогаш не треба да дозволат да го изгубат некој со кој можат да бидат толку ранливи и свои.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: