Она што го чувствувате е поважно од она што го мислите

Сите сме слушнале за шесто чуло. Тоа е повеќе сензација (чувство) отколку вистинското чуло за слух, мирис и другите главни сетила. Тоа е она чувство во стомакот кое ве предупредува, како ѕвонче за узбуна, кога нешто не е во ред во врска со одредена ситуација или личност.

Многу пати ја потценуваме својата интуиција, обидувајќи се повеќе да ја слушаме главата, нашиот разум. И тоа не е погрешно. Користењето на логиката е многу важно, но понекогаш може да биде поправилно да се следи своето чувство во стомакот. Зад тоа чувство секогаш постои некоја причина, па треба да научиме да им веруваме на своите чувства.

Што крие шестото чуло? Крие едно својство кое не е вообичаено за секој, а тоа е: емпатија. Способност за разбирање на чувствата на другите е вроден дар. Да се знае да се читаат емоциите на другите и да се знае да се препознаат лагите и измамите е предност која може да биде многу корисна во животот. Оној кој ја има емпатијата во себе е во состојба веднаш да почувствува дали е некој тажен или среќен и истовремено има способност да каже дали е некој неискрен. Нема да можете да побегнете од будното око на емпатичната личност, бидејќи веднаш ќе забележи или претчувствува кога не сте искрени.

Дали треба секогаш да им верувате на своите чувства? Зависи. Понекогаш кога им верувате само на своите чувства, често станувате пристрасни. Се случува нешто или некој да не ви се допадне и тоа чувство можеби ќе го измешате со шестото чуло. Ќе се уверите себеси дека со таа личност нешто не е во ред, затоа што сакате така да биде по секоја цена. Во овој случај мора да бидете многу внимателни бидејќи ризикувате да преминете во друга крајност или да бидете непријатни, а тоа е нешто што треба да го избегнувате

Можеби сте од оние кои му веруваат на разумот. Анализирате. Не дозволувате сензациите да ви го замаглат умот, си давате себеси време да ја процените другата личност пред да почнете да судите за неа, но вашата перцепција со тек на време може да се промени.

Ова најмногу се однесува на луѓето кои тешко се препуштаат и не им веруваат на своите чувства, на оние кои мислат дека е секогаш подобро и посигурно да се следи умот и логиката наместо срцето. Умот е важен секако, но треба да се слуша и оној дел од себе (чувството во стомакот) кој понекогаш ви укажува во кој смер треба да одите. Научете да го следите тој внатрешен глас кој ви зборува дека нешто не е во ред, дека не е злато се’ што свети. Шесто чуло е дар кој треба да се сфати сериозно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: