Ако се чувствувате осамено бидете нежни кон себе

Потребата за самотија станува една од најдлабоките и најголемите човекови потреби. Самотијата ни е потребна да ги залечиме своите рани, да направиме дистанца од нив и да ги поминеме низ ‘нови’ филтри во умот, да ги видиме со ‘нови’ очи.

Самотијата ни е потребна за да ги составиме сите раздвоени делови од себе во една целина, бидејќи да вредеше онаа старата, немаше да се распадне така брзо. Самотијата ни е потребна да сфатиме дека нашата обичност или специфичност, не мора другиот да го угрозува и да си допуштиме себеси, да бидеме онакви какви што сме.

Самотијата ни е потребна, да ги изброиме отчукувања на своето срце, за да препознаеме кои се луѓето за кои нашето срце најмногу ќе затрепери. Самотијата ни е потребна да си поставиме себеси прашања, на кои НЕ сакаме да слушнеме одговор и да бидеме доволно трпеливи, да слушнеме што срцето сака да каже.

Самотијата ни е потребна, да сфатиме кој е присутен во нашиот живот, кој е тука повремено, а кој е на минување. Да сфатиме дека среќата не е секогаш чувство, туку пред се’ одлука, на ништо да не му дозволиме да ни го уништува нашиот внатрешен мир.

Самотијата ни е потребна да ја нахраниме нашата душа, која во односите, со честите компромиси и со задоволувања на туѓи очекувања останала празна. Да си дозволиме повторно да ги сонуваме своите соништа и да провериме дали гори во нашето срце, оној оган кој одамна сме го запалиле.

Потребна ни е самотијата, за да излеземе од нашиот маѓепсан круг и од почеток да започнеме да сакаме и живееме. Дури кога ќе се одлучиме за неа, ќе сфатиме, колку долго сме правеле работи кои не’ прават несреќни, а ги занемарувавме оние кои не’ прават среќни.

Да не си дозволуваме повторно иста грешка.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: