Бог знае кога да испрати она што ви треба

Кога ќе видиме како некои луѓе навистина страдаат тоа знае да биде навистина загрижувачко. Зошто Бог тоа им го прави на луѓето? Површно гледајќи, тоа изгледа сурово и неправедно. Меѓутоа, стварноста е сепак поинаква.

Секоја акција или делување мора да има своја еднаква и спротивна реакција. Тоа е законот на кармата. Страдањата и бедата, се доказ за нашето впуштање во погрешни активности од минатото. Ние можеме, но и не мора да се сеќаваме на нив.

Строгиот закон на кармата, осмислен и орекестриран од страна на Бог, преставува Негова немотивирана, непрекината љубов кон личноста која поминува низ кармичко искуство. Физички ако гледаме тоа може да биде сурово, но за душата, тоа е како љубов која родителот му го дава на детето за негово сопствено добро.

Возрасните многу добро тоа го разбираат. Како духовно созреваме во состојба сме повеќе да видиме дека се’ околу нас е доказ за Божјата љубов, таа е испреплетена во се’ и секаде.

Совршенството на животот не значи да се ослободиш од физичкото и менталното страдање, бидејќи нашето тело и ум неизбежно порано или подоцна, мора да помине низ страдање. Совршенството на животот значи, да се види и почитува Божјата љубов во секој аспект на оваа креација.

Совршенството на животот значи да се биде благодарен на Божјата љубов, без оглед во каков облик таа се појавува, без оглед што ќе направиме или направивме, ова е начин на кој Бог сака да не’ доведе поблиску до Себе. Тоа не е само некое слепо верување. Ниту е тоа наметнување на некоја убава филозофија, која ни помага да се носиме со проблемите во животот. Тоа е Врховна вистина.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: