Секој од нас ги привлекува работите на кои се фокусира, свесно или несвесно

Законот за привлекување е еден од најмоќните закони во Вселената. Работи на принципот- слично привлекува слично. Тоа значи дека привлекувате во својата стварност искуства, настани и луѓе кои се ускладени со вашата енергија и вибрација.

Секоја личност и секое искуство, кое доаѓа во вашиот живот е како учител на некој начин, кој сте го привлекле со моменталната состојба на свеста. Ако сметаме дека тоа е вистина, тогаш можеме активно да ја смениме и нашата енергија и нашите вибрации, за да привлечеме поинаков збир на искуства или прилики во нашите животи.

Кога ја подигаме својата енергија и нашето ниво на свест, нашата надворешна околина се одразува исто, а нашата енергија почнува да привлекува нов збир искуства. Бидејќи сме креатори на нашата судбина, имаме и моќ да создадеме и манифестираме настани во нашиот живот.

Нив можеме да ги испратиме, како наши барања во Вселената, исто како желба, за која знаеме дека ќе се исполни. Ако сакате да манифестирате или да создадете настан во својот живот, било да сакате да привлечете нов партнер, пари, нова работа или едноставно мирно решавање на некоја ситуација, еве како тоа можете да го направите.

1.Треба да го развиете односот со Универзумот. Ако сте почетник во работата, со Законот за привлекување и внатрешното делување на Вселената, може да ви биде корисно, да почнете да го развивате односот, за да можете да видите како Свемирот делува.

Многу е добро кога некој ќе ви каже ‘слично привлекува слично’, но, се додека сами не го започнете процесот, тоа може тешко да се разбере. За да можете да го развивате својот однос со Универзумот, најпрво мора да верувате во неговата моќ и да ги видите чудата, кои може да ги создаде.

2. Поставете ја својата намера. Само затоа што барате нешто, не значи дека ќе добиете точно онака како што сте посакувале. Тоа е многу вистинито, ако она што го барате доаѓа од егото или постои отпор и блокади, врзано за она што барате.

Пред да побарате од Вселената она што посакувате, прво треба да го исчистите своето срце и навистина да се ускладите со она што вашето срце го посакува. Откако ќе ја поставите својата намера и кога ќе ви стане јасно, што е тоа што посакувате, многу полесно ќе го привлечете во вашиот живот.

3. Визуализирајте. Со намера во своето срце, затворете ги очите и почнете да го замислувате примањето на вашата намера. Замислете како може да изгледа, какво е чувството и сите неопходни детали. Дозволете си себеси, да ве обземат чувства кои ги доживувате. Вистински почувствувајте ги сите емоции кои доаѓаат со вашето барање. Што повеќе чувства можете да доживеете, тоа посилно ќе биде вашето барање.

5. Отпуштете и бидете отворени. По кажувањето на својата желба, треба да се отпушти и да се предаде, целата контрола на Универзумот. Не можете да управувате со испораката на вашата желба. Како? – Тоа е до Вселената, затоа предајте ги сите врзувања за својата желба и останете отворени, кон тоа како вашата желба ќе ви биде испратена.

6. Имајте верба во Божјиот избор на моментот. Другиот закон на Вселената кој треба да се разбере е Божјиот временски распоред. Без оглед што сте побарале, ќе се појави кога ќе биде совршено време. Мора да имате доверба, кога еднаш ќе ја испратите својата желба во Вселената. Верувајте дека ќе ви биде испорачано кога ќе биде вистинско време за тоа.

По испраќањето на својата желба, задржете ја довербата во процесот и задржете јако, емоционално чувство во своето срце. Всушност, кога се работи за она што посакувате, тука помалку важен е објектот или личноста, важно е чувството кое го имате.

Сузана Дулчиќ

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading