Си ги собрав соништата и желбите…таму каде и јас повеќе не одам

Твоето име ми остана на усниве…како тивок шепот кој полека се гаси…Седнав, облечена во твојата кошула. Вдишувам длабоко…веќе не мириса на тебе…Ја ставив преку лицето, вдишав повторно…ништо…како никогаш да не си ја носел.

Се сеќавам како ти ги закопчував копчињата…Ја носеше…одамна. Се фатив себеси како се смешкам додека помислувам на звукот на твоите чекори. Како секогаш срцето почнуваше побрзо чука од тој звук. Звук кој одамна го немам во животот…

Не си одат спомените кога си одат луѓето.”Што толку те боли?”Се насмевнав како одговор, но очиве ме издадоа. Не премолчеа…овој пат не премочеа.Ти си таа насмевката на усните кога очите ме издадоа. Кога од нив потекоа сите зборови кои усните ги криеа.

Не ги избришав. За прв пат ги оставив да течат…Да болат…Ги врзав своите соништа за личност. На кој му дозволив да ги руши соништата кои јас ги сонував. Ги исплакав спомените и ги оставив во минатото. Таму никој нема да ги допира…таму и јас повеќе не одам. Ми остана твоето име на усниве…како безгласен шепот. Си ги собрав соништата и желбите…чекаа да бидат исполнети…Сега се…

Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: