Зарем ти не си најважна?

Ако секој ден се будите незадоволни и посакувате да бидете некој друг, време е да размислите зошто е тоа така. Кога ќе ги сфатите причините поради кои се чувствувате лошо, треба да најдете решение за лошото расположение.

Не се почитувате

Секое човечко суштество има одредена вредност, вклучувајќи ве и вас. Моментот кога ќе ги прифатите своите мани и почнете да ги цените и своите доблести, тогаш доброто расположение ќе почне. Морате самите себе да се почитувате за да можат и другите да ве почитуваат. Ако се сомневате во своите квалитети, пробајте со блиска личност да направите попис на доблести и мани. Ќе видите како доблестите се побројни и позначајни.

Очекувате совршенство

Познавате некој кој е совршен? Сигурно не. Тогаш не очекувајте ни од себе дека во секоја ситуација треба да бидете совршени. На сите им се случуваат грешки, но, треба да се прифатат и од нив нешто да се научи. Не судете, бидејќи тогаш ја поттикнувате огорченоста.

Фокусирајте се на своите успеси, среќни моменти и ситуации, не размислувајќи за неуспесите и разочарувањата, туку користете ги за да станете мудри и снаодливи.

Размислувате за негативните работи.

Соочени сте со секојдневните предизвици и стрес – кој не е во денешно време? Сеуште постојат светли моменти во вашиот живот и ќе ги има уште. Морате да обрнете внимание на нив и да бидете горди на себе поради тоа. Секоја ноќ пред спиење размислувајте за позитивните аспекти на животот. Наместо да одите во кревет со негативни мисли, одете со чувство на задоволство, поради тоа што сте направиле тој ден или таа недела.

Ги игнорирате чувствата

Не дозволувајте разумот секогаш да владее во вашиот живот. Освен што не е здраво за срцето, не е добро за вашето расположение. Тоа не значи дека на секој минувач треба да му ги покажувате чувствата, но повремено пуштете ги емоциите да се ослободат. Ако ги собирате емоциите, ќе се чувствувате потешко и полошо. Ослободете ги емоциите, било да е тага, бес или радост, среќа и љубов.

Се обидувате да бидете нешто што не сте

Многу лошо расположение доаѓа токму од обидот да бидете нешто што не сте. Не се форсирајте на сите да им се допаднете бидејќи повеќето луѓе ќе сфатат дека глумите, а луѓето сигурно повеќе ќе ја ценат вашата храброст да се преставите точно какви што сте. На крајот на краиштата, сите од време на време се менуваат. Можеби ќе откриете некои нови доблести и уште повеќе ќе се запознаете самите себе. Прифатете се себеси, бидејќи нема ништо полошо и по исцрпувачки да бидете она што не сте. Верувајте, постојат луѓе на кои ќе им се допаднете такви какви што сте.

Се стегате да покажете радост

Колку често чувствувате потреба да направите нешто забавно и пријатно а постојано наоѓате причини тоа да не го направите? На тој начин ја ограничувате својата способност да бидете среќни. Сите луѓе имаат страсти, предности, таленти и интереси кои се единствени за секој. Кога сте во контакт со тие работи, се чувствувате подобро и посреќно.

Не наоѓајте изговори како на пример проблемот со парите, дожд или немање на време за да не направите она што сакате, бидејќи сигурно можете да најдете начин тоа да го направите и да бидете среќни.

извор: alternativainformacije

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading