На погрешните луѓе нема никогаш да им бидете добри

Околу нас постојат луѓе кои повеќе се сочувствителни од другите, на кои им е полесно ‘да влезат во туѓи чевли’. Тоа се луѓе кои гледаат и слушаат поинаку, кои можат да ве разберат на поинаков начин- да ги надминат своите сопствени искуства и да разберат што зборувате, како се чувствувате и за што размислувате.

Луѓето со природно вродена емпатија, ќе се препознаат во овој опис и ќе се согласат дека тој дар понекогаш е предизвик, но воедно и нешто сосем преубаво кога ќе научиме да се носиме со тоа. Потребно е да се научи, како да се искористат предностите кои емпатијата ви ја подарува, за да ја препознаете разликата помеѓу своите и туѓите емоции и размислувања.

Еве неколку начини, кои ќе ви помогнат да го прифатите својот дар за емпатија и при тоа да останете емоционално урамнотежени

1. Ставете се себеси на прво место, не поради себични или егоистички причини, туку тоа е начин, кој ќе ве охрабри, да можете да се носите, прво со самите себе, а потоа и со се’ околу вас. Вашата дарба ќе ‘работи’ само ако сте вие физички и психички добро, во спротивност нема да имате можност нормално да функционирате, ниту да правите разлика дали се работи за вас или за другите.

Една стара поговорка вели: ‘Човекот не може да се претури од празна чаша’. Проверете, од време на време, дали вашата чаша е полна, бидејќи ако не е, постои можност да биде исполнета со туѓи потреби. За да бидете најдобра своја верзија, направете нешто што ќе ви го овозможи тоа- пример, медитација, јога, шетање во природа, развивање на креативност низ некоја врста на уметност или креативни работилници, доволно сон, минувајќи го времето со искрени и верни пријатели, партнерот или семејството.

Поставете граници кон другите, така што ќе ги ограничите количините на мисли и чувства кои доаѓаат од другите луѓе, за да ги прифаќате токму такви какви што се и да работат најдобро што знаат, со сите знаења и емоции кои ги имаат во дадени моменти, но без додатни замерки, приговарања и потреби да ги менувате.

Кога некој сака потврда или одобрение за своите постапки, послушајте го, но никогаш не кажувајте што би направиле на нивното место, бидејќи има луѓе кои несвесно, а понекогаш и свесно, посакуваат целата одговорност да ја префрлат на другиот, за да ја избегнат својата сопствена.

И не чувствувајте дека тоа го правите поради недостаток на љубов или помалку емпатија, туку затоа што на тој начин, најдобро ќе му помогнете на личноста која ви се обратила, во спротивно превземате туѓа одговорност, превземате она што не е ваше и станувате исцрпени. Како личност која има развиена емпатија, можете да бидете ‘фатени’ во туѓи приказни низ своите сопствени емоционални потреби дури и на оние луѓе кои не ги познавате.

2. Отпуштете она што повеќе не ви користи и не ве поддржува. Променете го кругот на луѓе во кои се движите, ако не ве прави среќни и исполнети. Движете се меѓу луѓе кои заедно со вас ќе ги слават вашите успеси, ќе ги делат среќните моменти, а нема да ве враќа во кругот на оние стари случувања и емоции кои сте одлучиле да ги отпуштите и заборавите.

Тоа никако не значи да се напуштат луѓето кои ги сакате, кои ви се важни и со кои сте блиски, туку да пронајдете нови кои ќе ве инспирираат на друг начин. Кога ги делите моментите со некој, искористете го својот дар за емпатија, за да понудите прифаќање, дозволувајќи им на сите околу себе да се чувствуваат сакани и прифатени, токму такви какви што се.

При тоа не морате да ја поддржувате нивната ситуација, прифаќајќи ја како своја сопствена. Пронајдете начин да ја отпуштите таа емоција и да се решите од она што повеќе не ве храни и не ве поддржува. Освестете го и почувствувајте го тоа и тргнете понатаму.

З. Раздвоете ги своите емоции од туѓите. Емпатичните луѓе често ги занемаруваат своите сопствени потреби, со поистоветување со радоста и тагата на луѓето околу себе. Секој од нас треба подршка и насочување, но нека тоа биде преку откривање на сопствените ресурси внатре во себе и со помош на сопствените таленти и способности, бидејќи сите ги имаме, само треба да им дозволиме да излезат на површина.

Емпатијата е моќна алатка која им овозможува на луѓето да се почувствуваат поврзани и сфатени. Наместо да се исцрпувате со тој дар, проверете дали сте урамнотежени, за да можете да понудите и дадете подршка без напор и колебање. Користете го својот дар за да ги охрабрите другите, а при тоа секој да се грижи за себе.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: