Биди негова жена, а не мајка

Не, ова не е хејт на мајките. Напротив, секоја чест на мајките кои ги одгледале своите синови за да можат денес да бидат нечии партнери. Секоја чест на синовите кои ги почитуваат своите мајки. Се’ во граница на нормалата секако. Овој текст е за оние кои треба да ја научат разликата помеѓу две жени, идната сопруга и својата мајка. Исто така и оние девојки, односно жени кои на своите мажи сакаат да им бидат мајки. Не оди.

Не влегуваш во врска со него за повторно да го воспитуваш. Влегуваш во врска за да имаш нешто посебно и да имаш некој кој е веќе воспитан и способен да биде во врска. На крајот на краиштата, зошто влегува во врска ако не е способен да биде со една жена? Во ред е да се советува својот маж. Во ред е да се обавува женскиот дел од врската. Во ред да се прилагодувате и да се научат некои работи кои до сега не ги знаевте. Но, повторувам, се’ во граница.

Не си тука да го учиш дека Ти треба да бидеш број еден. Кога велам број еден, не мислам дека тебе треба да те става пред сите. Важно е вашиот однос да биде приоритет кога некоја ситуација тоа го бара. Не си ти тука да го научиш да не лаже, ако е веќе во состојба да те лаже. Бегај. Не си му мајка и не си тука да го учиш што е морално, а што не. Што е во ред, а што не. Не си тука да му зборуваш дека не е во ред да заборави на тебе кога сте во друштво. Тука си да имаш некој кој никогаш нема да заборави на тебе. Тука си да имаш некој кој ќе те потсети дека вредиш.

Престани да го воспитуваш. Не си тука поради тоа, туку да го советуваш. Да побараш помош исто како што тој од тебе ќе го побара. Повторно да тргнеш во воспитување, може да ви досади. Можеби треба да барате и другата страна да учествува повеќе во вашиот однос. Можеби нешто може и да се поправи. Ние жените имаме проблем и мислиме дека сме тука за да поправаме некој. Некој да се промени поради љубовта кон нас. Или нашата љубов кон него. Мислиме дека сме нечиј ангел кој ќе ги спасат од лошиот начин на живот и ќе го префрлат во оној подобриот. Како тој се менува поради вас. Како да не!…Се случува ама многу ретко. Често е случај тој начин на живот толку да не’ исцрпи што забораваме на себе и се губиме себе и него.

извор: infopult

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: