Мажот се однесува кон вас онака како што вие ќе му дозволите

Можеби ви се чини дека секоја ваша врска во минатото била лоша и всушност вечно се повторуваат. На почетокот на врската сите ваши бивши изгледаа добро, ветуваа многу и вие мислевте дека конечно го најдовте оној вистинскиот. Но, како врската почнува да се развива, работите се менуваат, а ‘добрите момци’ се претвораат во вистински чудовишта. Дури почнуваат лошо да се однесуваат кон вас кога им ја покажувате својата ранливост и колку повеќе ги сакате тие стануваат полоши кон вас. Проблемот е во тоа што својата врска ја започнувате со погрешен тон и ставови.

Секој маж кој лошо се однесува кон вас, се обидува да манипулира со вас за да заборавите да поставите одредени правила. Се вљубувате и заборавате на сите свои вредности. Можеби во тој момент мислите дека со тоа правите компромис, не сакате да испадни дека барате премногу од мажот кој ви се допаѓа за да не го изгубите. Мислите дека љубовта е вистинска и искрена и дека не треба да поставувате никакви очекувања и правила.

Многу мажи ваквото однесување го гледаат како прилика да ве повредат, престануваат да ве сфаќаат сериозно и престануваат да се трудат во врската. Тоа не значи дека треба да бидете премногу недостапни и ладнокрвни, туку не треба да ги спуштате своите стандарди поради никој. Не се согласувајте на нешто што за вас е неприфатливо само затоа што некој маж ви се допаѓа. Секој пат кога ќе имате разбирање само за неговите потреби, не очекувајте дека ќе добиете било што за возврат, со тоа само му давате до знаење дека може кон вас да се однесува како сака. Секој пат кога ве навредува, а вие молчите, му покажувате дека немате ништо против такво однесување. Секој пат кога флертува со други жени, а вие и понатаму останувате со него, му покажувате дека не ви смета да ве изневерува и да го делите со други.

Се’ зависи од вас и од вашите правила кои вие ќе ги поставите во врската. Ако го прифатите непочитувањето на мажот со тоа што му покажувате дека не се почитувате самата себе, значи не заслужувате ништо освен трошка внимание и љубов која ви ја дава кога него му одговара. Кога му давате втора прилика за нешто што не смее да го направи, покажувате дека сте подготвени секогаш да му простите. Кога трпите мажот да се однесува лошо кон вас, му давате зелено светло да продолжи да работи и понатаму да не ви смета такво негово однесување.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: