Од судбината не може да се побегне: Како кармичката нишка ги поврзува оние кои се судени еден за друг

Две личности кои судбински треба да се сретнат на својот животен пат ги поврзува невидлива кармичка нишка и ништо не може да ја спречи нивната средба. Ако е судено на својот животен пат да запознаете некоја личност, вие ќе се сретнете кога- тогаш. Колку и да се трудите не можете да побегнете од судбината.

Кармичката нишка ги поврзува оние на кои им е судено да бидат заедно. Секој од нас има друга половина која е совршена за нас и со која нашата судбина не’ спојува. Кармичката нишка може да се растегнува, но никогаш не може да се прекине. Многумина ја мешаат црвената нишка на судбината со сродна душа, но постои разлика помеѓу нив.

Сродната душа можно е никогаш да не ја запознаете и никогаш да не се сретнете со неа, но личноста со која сте поврзани со кармичка нишка ќе ја сретнете кога- тогаш. Само е прашање на време. Во потрагата по својата, совршена половина можете да поминете низ разни ситуации и животни околности. Кармичката нишка може да се заплетка или развлече до таа мера што може да пукне, но таа е невозможно да се прекине.

Вашата друга половина ќе дојде, само е прашање на време. Може да биде оддалечена со километри и да сте раздвоени со години, но на крајот ќе се сретнете. Не постои ништо на овој свет што може да спречи состанок на две души на кои им е судено да се сретнат. Кога ќе се сретнете, тогаш ќе сфатите дека токму таа личност е она што сте чекале и барале бидејќи ве врзува невидлива магична нишка која поврзува две срца.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: