По Мажи и автобус не треба да се трча

Многу жени прават голема грешка во желбата да го освојат мажот кој им се допаѓа, а многу често знаат да испаднат досадни и наметливи. За да ги избегнат грешките важно е да го разберат начинот на нивното размислување и како функционираат. Обидете се да ја разберете нивната логика и да размислувате како маж, а при тоа да останете вистинска дама. Наместо што трчате по мажот кој ви се допаѓа, направете тој да трча по вас.

1. Организирај го својот живот според своите потреби а не според неговите. Продолжете со својата секојдневна рутина и не прескокнувајте ништо, не се откажувајте од ништо што до сега го правевте само заради него. Не треба да бидете во потполност недостапни, но јасно да му покажете дека имате свој живот и дека тој ви е важен. На мажите им се привлечни жени кои имаат свои цели и ставови во животот.

2. Покажи го својот шарм. Биди весела, разиграна, кокетирај и покажи му дека ти годи неговото внимание. Ако мажот покажува дека е заинтересиран немој веднаш да брзаш да покажуваш и да закажуваш следен состанок. Дозволи му да те повика на дејт, но никогаш не покажувај дека на тоа само чекаше.

3. Наведи го да мисли на тебе. Кога си со него, потруди се да направиш нешто што ќе го наведи да мисли на тебе и кога не сте заедно. Не прави ништо што е непријатно и што сметаш дека не треба да го правиш, но обиди се на некој начин да ја разиграте фантазијата.

4. Биди таинствена; не откривај се’ за себе веднаш на почеток на врската. Постепено откривај детали за себе и својот живот за да го задржиш заинтересиран. Мажите сакаат кога жените се мистериозни.

5. Флертувај преку пораки; Ако ноншалантно му испратиш порака во која флертуваш со него, тој нема да престане да мисли на тебе и ќе посака да те види.

6. Не се обидувај да ја дефинираш вашата врска веднаш. Не можеш да очекуваш врска од секој маж со кој ќе се запознаеш, затоа е добро работите да ги држиш опуштени на почеток. Ако врската стане премногу опуштена обиди се да разговараш со него за тоа. Ако тој не сака ништо сериозно со тебе барем ќе знаеш на што си. На мажите им треба слобода и не се обидувај да го притискаш и гушиш.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading