Како да се освои мажот со допишување?

Ако сте се прашале дали е навистина можно да се заинтересира и освои маж со допишување, одговорот е Да. Ако допишувањето го сфатите како прилика вашиот љубовен живот да го направите возбудлив и исполнет, тогаш еве добра прилика за учење.

Некои луѓе допишувањето го сфаќаат несериозно и не се трудат околу тоа што пишуваат или пак сметаат дека се’ може да се каже преку порака. Тоа го прават и жените и мажите и затоа многу зборови се погрешно протумачени, а многу љубовни приказни наеднаш се прекинати.

Вистината е дека тоа не е работа на среќа. Работата е во тоа дали знаеме на вистински начин да ги искажеме своите желби и чувства? Знаеме ли да го покажеме својот став? Штом превземете одговорност за своето однесување и начинот на комуникација, тогаш вашите изгледи за остварување на љубовната среќа драстично се зголемуваат. Како да се освои мажот со допишување?

Ако мажот со вашето име и сликата на екранот го поврзува позитивното искуство и чувството на среќа, ќе посака да ви биде поблиску и поблиску. Со други зборови, тајната на успешното допишување се крие во чувството и општо во искуството кое тоа допишување го носи. Важно е вашето допишување да има цел која не е убивање на досада или настојувањето да му се допаднете на било кој начин. Вашата цел е мажот да се чувствува посакуван и почитуван, но при тоа да се цените себе и своето време.

Што тоа значи? Тоа е жена која знае да даде комплимент и тоа го прави многу вешто- на начин да го поттикне мажот да се ангажира околу неа. Да, тајната на успешното допишување е во неговиот ангажман, не во вашиот. Затоа тоа треба да се направи на паметен начин. Имено, многу жени се плашат на мажите да им дадат убав комплимент, мислејќи дека со тоа им ја креваат цената. Правата вистина е следна. Кокетирање, давање на комплимент или ласкање нема да ве направат очајни во машките очи. Очајна жена ќе бидете со форсирање на комуникација. Жените кои постојано иницираат комуникација, вложуваат преголем труд и потоа го искажуваат своето незадоволство (поради невозвратен труд), пасивна агресија, оставаат впечаток на очајна жена.

Значи, секој убав комплимент ви оди во прилог. Со други зборови, оној момент кога ќе препознаете во што мажот сака да биде успешен -испратете комплимент, ќе го добиете неговото полно внимание во рок од неколку секунди. Без оглед дали станува збор за свежо познанство, за колега кој ви се допаѓа или во врска која е на почеток, пораките со WOW ефект секогаш се паметен избор. Имено, ако на мажот му дадете на важност на вистонски начин и при тоа му оставите доволно простор да направи нешто со таа информација, тогаш сте на вистинскиот пат да го заинтересирате на подолги патеки.

Важно е дека не можете да го присилите на било што или да го наговорите. Можете само да го Мотивирате.. Ако мажот е мотивиран да се искаже, ако е предизвикан да се докаже и ако на крајот е награден за својот труд- тогаш тој ќе посака да биде се’ поблиску и поблиску бидејќи ќе се чувствува вреден, успешен и посакуван.

Машките и женските односи се всушност многу едноставни тогаш кога разбираме како функционира другата страна. Тогаш кога не сервираме она што мислиме дека другата страна посакува, туку кога навистина знаеме што сака. Затоа е важно да сфатите дека за љубов не можете да молите, не можете некој да наговорите да ве сака, посакува и почитува. Не можете мажите да ги уверите во својата вредност. Можете само да го мотивирате тој да посака да се истакне, тој да вложи труд во вашиот однос.

извор: sknelly.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: