Кога ја изгубив сфатив дека е создадена за мене

Минуваат денови, недели, месеци…запознавам нови луѓе, некои ми го обележуваат патот. Луѓе кои ми помагаат подобро да се разберам себе и она што ме опкружува. Но, не можам да ја заборавам таа насмевка. Судбина, околности, карма, нешто што било помеѓу нас двајцата. На крајот се збогувавме.

Таа разделба ми ја скрши душата и срцето. Бидејќи ја изгубив, сфатив дека е создадена за мене. Бевме различни и нашите грижи беа различни, но постоеше цврста врска. Врската која тешко се објаснува со зборови, едноставно неискажана. Зошто не можам да ја исфрлам од умот? Откако ја загубив, таа е покрај мене во секој момент, во секоја песна, во секоја прошетка, во секое сеќавање.

Кога ја видов, сфатив дека сме создадени еден за друг. Но, нашите духови, нашите стравови, нашата неодлучност постепено го угаснаа тој оган. Силата на егото и гордоста во стварноста се криеја, бидејќи пламенот на страста беше пожив од било кога. Создадени еден за друг… но јас ја изгубив. Да се биде еден за друг го надминува поседувањето, опсесијата или врзаноста. Бевме во унија која се разбира само со искуство. Врска која и покрај бесот, напнатоста и разликите, остана нераскинлива.

Дали тоа можеби беше познатата црвена нишка? Таа црвена нишка велат дека е невидлива и не’држи заедно покрај растојанието и времето. Нишка која создава врска помеѓу двајца луѓе на кои им е судено да се запознаат и која што и да се случи, ќе остани таму, непроменета.

Често се прашувам дали она што го чувствувавме еден за друг е вистинска љубов? Дали таа црвена нишка порано или подоцна ќе ги поврза нашите животи? Откако ја изгубив, црвената нишка сама се олабави и во одреден момент се чинеше дека засекогаш пукна.

Кога ја изгубив? Всушност не сакам да ја обвинувам, но мислам дека многу пати погреши. И јас згрешив. Нашите грешки меѓутоа, уништија она што можеше да биде сон. И покрај тоа, не можам да ја исфрлам од главата. Тие нејзини грешки, кои ми ја скршија душата, ги простив. Нејзината игра никогаш не беше чиста, живееше помеѓу лаги и пропусти. А мојата се засниваше на страв.

Ме очекуваше, а јас не дојдов. Барав од неа поддршка која не стигна. Зошто се’ се закомплицира? Се’ што сакавме е да се држиме, за и да бидеме заедно.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/lho-persa-e-ho-capito-che-era-fatta-per-me

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: