Кој ти гарантира што ќе биде утре? Затоа, живеј денес

Ако добро се чувствуваш во својата кожа, тогаш нема пат по кој ќе тргнеш и на кој можеш да згрешиш, бидејќи ти си оној коj носи одговорни и квалитетни одлуки и какви и да сe околноститe, ќе можеш секоја ситуација да ја свртиш на добро и да успееш.

Можеш да успееш ако успехот е во тебе, ако има ред во тебе, совест за сопствената вредност и верба во сопствените потенцијали, ако во тебе е договорот со самиот себе. Ако си ти вистинскиот, тогаш во кој правец во животот да тргнeш ќе го направиш она најдобро.

Каде и да те однесе животот, ќе најдиш начин да го направиш она најдоброто. А да бидеш вистински значи да бидеш сигурен во себе, со самодоверба, да бидеш борец, да веруваш во подобра иднина и да се бориш за своите цели. Не е тоа некоја празна фраза, тоа е твоја одлука да останеш верен на себе, и покрај тоа што луѓето и работите ќе се обидуваат да те свртат во свој правец и да направат од тебе она што не си.

Во животот не се прашувај кој е вистинскиот правец, прашај се дали си подготвен за животна авантура, дали гледаш на животот како на можност или како на препрека? Живееш ли за целта која е пред тебе или живееш дека е невозможно да се достигне?

Дали позитивните мисли, кога си во проблем се утопија и дали е подобро од се’ да се откажеш, отколку на крајот да се разочараш? Дали го живееш животот гледајќи околу себе пријателски или го гледаш животот како свој најголем душман?

Да се биде вистински не значи да се биде безгрешен, да се биде оној кој никогаш не паднал, не се сопнал, кој сакал да се откаже, туку значи дека и покрај се’ и понатаму имаш желба да го доведеш својот живот таму каде што посакуваш, а не онаму каде што другите те насочуваат.

Нема еден прав пат, сите патишта за тебе се прави, ако си свој на свое, ако другите не господарат со твојот живот и ако посакуваш секој ден да биде твојот најдобар ден.

Тогаш секој пат за тебе е онај вистинскиот.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: