Понекогаш мора да изгубите нешто за да се пронајдете себеси

Во позадината на стварноста која се вика добар и исполнет живот, се наоѓа една стварност од која сите се плашиме, а тоа е да се менуваме самите себе. Кога со нешто во животот не сме задоволни, тогаш нашата најчеста реакција е тоа незадоволство да го насочиме кон животот на некој друг, барајќи го виновникот на другата страна со мисла, дека кај другите нешто треба да се менува.

Логиката секако е апсурдна, бидејќи најпрво треба да се менуваме себеси. Не бираме околности, не бираме предизвици, не бираме ситуации во кои се наоѓаме но, бираме она што ќе мислиме да го кажеме и да го направиме.

Луѓето кои ги смениле своите мисли, зборовите и делата, го промениле својот живот. Ако работите тргнат однопаку, да не ги туркаме надолу уште повеќе, да направиме се’ што треба да ги застанеме, бидејќи во тој наш ‘филм’ сигурно ќе се приклучат и наши драги луѓе, кои можат да ни помогнат нашата цел да биде остварена. Искуството веќе безброј пати ни покажа дека кукањето не помага, не е полесно да се глуми жртва, туку треба да се соочиме со работи кои не се добри. Да се остане упорен по одбивањето и поразот не е лесно, но како поинаку да се направи разлика во својот живот.

Животот значи да се стане и покрај се’. И кога паѓате, кога сте доживеале пораз, разочарување, предавство или навреда, сфаќате дека нема потреба да останувате во сенките на минатото. Треба да се стане, да се продолжи понатаму, да се бараат нови решенија. Да се предизвикаме себеси, да се промениме себеси, кога не сме целосно задоволни со својот живот. Не знаеме колку луѓе на прашањето дали во потполност се задоволни со својот живот, целосно го потврдиле тоа.

Но, и покрај тоа можеме да бидеме задоволни, со она што денес сме направиле на тој план, да не потонеме во очај и резигнација, да бидеме задоволни што уште дишеме и дека пред нас уште се отвораат нови можности.

Постои време за се’, но сега е време да се оди напред по патот, по кој сакаме да одиме. Да не гледаме назад.

Да се предизвикаме себеси, да се менуваме!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: