Сега сум силна, бидејќи еднаш бев слаба..

Силен човек- тоа не е етикета, не е ниту ознака, ниту титула. Тоа е начин на живот. Тоа е некоја врста на скала. Тоа е број на удари, кои си можел да ги издржиш. Број – колку пати си бил во состојба да станеш кога си паѓал на колена.

Силата не се мери со физички показатели. Но, може да се одреди колку си бил во состојба да се подигнеш од животното дно, без да го изгубиш своето достоинство.

Силните не се плашат од своите слабости, туку ги освестуваат и никогаш не стануваат нивни робови. Тие не се плашат да прават грешки, туку ја превземаат одговорноста за нивните последици и почнуваат од почеток. Повторно и повторно.

Силните не ја губат вербата. Најчесто се охрабруваат, зборувајќи благодарам за уште една лекција, оставена на душата како лузна. И да, силните исто така можат и да плачат. Губат, се охрабруваат, се разочаруваат и страдаат. Но, никогаш не се предаваат!

И покрај се’, силните луѓе и понатаму веруваат во љубов. Бидејќи тие добро знаат, дека само таа е во состојба да спаси кога се’ друго се чини бесмислено. Бидејќи само ако сакаме можеме да ја осознаеме сета неограниченост и моќта на својата сила.

Не е вистина дека јаки со духот се оние, кои успеале да ги победат во себе чувствата и научиле да живеат со разумот, туку навистина е јак оној кој научи да живее со срце, не откажувајќи се при тоа да ги слушне аргументите на разумот. Некој може да каже дека таков баланс е премногу идеален,, за да биде можен во стварноста?!? Кој знае…Можеби и е така.

А можеби ти само уште до крај не се запозна себеси, за да се увериш во силата на својата љубов. А тоа значи дека твојот пат се продолжува.

Извор: sobiratelzvezd.ru

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: