Јас не можам да бидам ‘сечија шолја чај’

Пополека сфаќам дека не морам да одговорам на навреда со навреда. Знам дека тоа е знак на вистинска зрелост- кога повеќе сакаш да си одиш, отколку да возвратиш. Енергијата која ја вложувам да реагирам на сите лоши работи што се случуваат во мојот живот, ме троши и спречува да ги видам навистина убавите работи и настани.

Јас не можам да бидам ‘сечија шоља чај’ и не можам да ги убедувам сите луѓе на светот да се однесуваат кон мене како јас кон нив. Ако се обидувам да ‘победам’, значи трошам време и енергија, која не донесува ништо освен чувство на празнина. Јасно ми е дека ако не реагирам на она што не ми се допаѓа, не значи дека тоа го прифаќам или се сложувам со тоа. Само значи дека сум над сето тоа.

Бирам да ја научам лекцијата од она што се случило и добро да ја запомнам. Бирам секогаш подобро. Бирам душевно спокојство, бидејќи е тоа она што навистина ми треба. Повеќе не ми е потребна драма. Не ми се потребни луѓе со кои не се чувствувам доволно добро. Не ми требаат битки и аргументи, не ми требаат лажни односи. Сфаќам дека понекогаш да замолчиш, значи повеќе отколку да зборуваш.

Кога реагирам на нешто што ме вознемирува, значи дека му давам на некој или нешто моќ над своите емоции. Не можам да ги контролирам постапките и зборовите на другите луѓе, но можам да ја контролирам својата реакција. Можам да контролирам како се носам со тоа, како го доживувам, колку ми е блиску до срцето.

Пополека, сфаќам дека во голема мерка она што се случува не зборува ништо за мене, туку за другите луѓе кои ме навредија и ме вознемирија. Сите наши разочарувања ни се пратени исклучиво да не’ научат како да се сакаме себеси. Тоа се оклопи кои ни се потребни за да преживееме на овој свет. Тие ќе не’ спасат кога некој ќе се обиде да ја поколеба нашата сигурност или да не’ примора да се чувствуваме како лоши луѓе.

Ако реагирам на она што се случува- тоа ништо нема да промени. Со сила нема да ги натерам другите да се засакаат себеси или да не’ почитуваат. Не може по желба, со волшебно стапче да го смениме нивното мислење. Понекогаш е подобро само да се пуштат работите да бидат такви какви што се, да им дозволиме на луѓето да си одат, да не се бориме, да не објаснуваме, да не бараме одговори и да не очекуваме разбирање.

Животот станува многу подобар кога ќе се фокусираш на она што е во тебе, а не околу тебе. Работете на себе и на својот внатрешен свет и ќе дојдете до клучот дека не одговарање и не реагирање на работите кои не ви се допаѓаат е гаранција за среќен и здрав живот.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading