Ако некои работи ги правите затоа што мора, тоа не е љубов

Секој од нас во некој момент се плаши дека врската може да се претвори во навика, а многу луѓе остануваат во врска дури и тогаш кога престануваат да сакаат. Остануваме бидејќи се плашиме од промена, се држиме за некој единствено затоа што е предолго во нашиот живот. Без таа личност ни се чини чудно и непознато, дури и ако не ја сакаме.

Сепак, ако препознаете некои од овие знаци, тоа може да значи дека сте во врска само од навика и можеби е време да ја преиспитате својата врска.

1. Носите важни одлуки без да се консултирате со партнерот; Кога сте во врска со некој имате одредени очекувања од таа врска и личност. Можеби сакате еден ден да се венчате и да имате деца, но за некои одлуки не разговарате со својот партнер, сметате дека тоа се подразбира.

2. Правите нешто бидејќи чувствувате дека мора. Можеби често ви се случува некои работи да ги правите на сила или затоа што мора. Овде не зборуваме за миење на садови туку за потребите и желбите на вашиот партнер. Ако се’ правите на сила и без волја и желба, можеби е време да ја преиспирате вашата желба.

3. Чувствувате олеснување кога вашиот партнер не е во близина. Како да можеш да бидеш своја повторно кога тој не е. Врската треба да ви го подобри животот, со партнерот треба да бидете повеќе опуштени, а не да се воздржувате и да се плашите од реакцијата на партнерот.

4. Останувате во врска бидејќи така ви одговара. Можеби во еден момент и размислувавте за раскинување, но не сакате да правите фрка и да дигате тензија. Не сакате да му го скршите срцето на партнерот, а ни себе. Долго сте заедно и полесно ви е да глумите дека се’ е во ред, отколку да размислувате за тоа што не е.

5. Се плашите да бидете сами. И самата помисла дека не сте во врска и дека сте сами ве плаши. Дури и ако вашата врска не е најдобра и понатаму можете да му верувате на својот партнер. Ви се чини дека нема да преживеете.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: