Најинтимна средба не е сексуална туку емотивна разголеност

Најинтимна средба е размена која се раѓа кога ќе се победи стравот и кога ќе се посветиме на запознавање на другиот за тоа какви сме во сите наши аспекти. Не е лесно да се успее. Всушност емоционалната разголеност не се добива така лесно или со било кој. Потребно е време, сила и желба да се слушнат, почувствуваат и да се прифатат емоциите. Самосвесност и хетеросвесност, тоа значи да се познаваш себе и стварноста на другите. Затоа, не е необично што зборот избран од библиските списи која зборува за сексулната љубов или интимност е Познавање.

Емоционалната разголеност почнува од нас самите. Тоа значи дека е многу важно да се идентификуваме со чувствата и да сфатиме што не’ прави да се чувствуваме опуштено, а што не, што мислиме и како можеме да ги користиме нашите емоции во служба на нашите мисли. Слушајте, поврзувајте се и осознајте го вашето емоционално наследство. Истражувањето на вашето емоционално тело е неопходно за да се ослободите од стравот, судирот, несигурноста, успехот, научената стварност итн.

Ако ја знаете вашата емоционална филозофија, можете да ги истражите вашите слабости, да бидете свесни за она што ве боли и да ја отпуштите болката што е од суштинска важност за да ја составите сликата кое вашето емоционално огледало ја проектира, слекувајќи ја облеката која сте ја ‘облекле’. Свесни за нашата емоционална ранливост таа нема да исчезне, но да се има подлабока свест за неа, значи секој пат кога ќе се појави во нашиот живот, да можеме да ја идентификуваме и делуваме на неа, спречувајќи да не се стопи во нашата емоционална врска.

Нашето емоционално наследство има силно влијание на нашата способност емоционално да се поврзуваме со другите кога тоа мора да го направиме. Токму овој багаж, оваа кожа, го сочинува нашиот начин на делување кон сензациите, чувствата и емоциите. Излагањето на нашите чувства и оние чувства кои можеме да ги доживееме како непријатни не е лесно, но многу пати дури е корисно.

Меѓутоа, нема сомнеж дека постојат многу причини поради кои е препорачлива емоционалната разголеност. Ако сакаме да имаме позначајни односи, важно е да се застанеме и да погледнеме во минатото и да ги исцелиме емоционалните рани на нашето детство. Кога ќе го осознаеме нашето емоционално наследство, сфаќајќи дека нашите минати искуства влијаат на моменталните чувства, ќе се случи олеснување при формирање на силни и здрави врски со оние околу нас.

Не е лесно да бидете разголени кога имате емоционални рани. За да се доживее вистинска емотивна разголеност значи прво да се слушне она внатрешното, емпатијата и емоционалната интелигенција. Само на овој начин можеме да создадеме емоционално опкружување во кое можеме да доживееме вистинска интимна средба, да ги оголиме стравовите, несигурноста и вистинските емоции. Дури тогаш ќе можеме да ги дадеме тие гушкања кои ги прекинуваат стравовите и кои ги затвораат очите и исполнуваат 200% на нашата душа и тело.

извор: lamenteemeravigliosa.it

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: