Многу животи…само една љубов

Секој од нас има посебна личност. Понекогаш се две или три резервирани за вас. За да се спојат повторно со вас, тие патуваат преку океанот на времето и просторот. Тие доаѓаат од небото. Mожат да попримат различни облици, но вашето срце ги препознава.

Brian Weis во книгата ‘ Многу животи, само една љубов’ зборува за Елизабет која завршува со ‘погрешната’ љубовна врска и влегува во депресивна состојба и Педро, богато мексиканско момче, трауматизирано со смртта на својот брат, а потоа обележен поради врската со омажена жена. Елизабет и Педро не се познаваат, но Brain Weiss во текот на своите регресивни сесии на хипноза за минатите животи ги сослуша двајцата, за истата приказна со иста болна епизода, која датира стотина години. Бидејќи се сакаа во предходниот живот, се чини дека Елизабет и Педро се предодредени повторно да се сретнат…А љубовта, која ја топи лутината и ја лечи болката, претставува една шанса за исцелување на двајцата.

Секој од нас има посебна личност. Можат да припаѓаат и на различни генерации. За повторно да се спојат со вас, патуваат преку океаните на времето. Тие доаѓаат од небото. Можат да попримат различни облици, но вашето срце ги препознава. Вашето срце ќе ги дочека како дел од себе во друго место и време. Помеѓу вас постои врска која го поминува времето: никогаш нема да бидете сами.

Интелектот може да ви каже: ‘Не знам кој си, но срцето те препознава. Тоа прв пат ве зема за рака и сеќавањето на тој допир го надминува времето и го прави секој атом на вашето битие да скока’. Ве гледа во очи и вие ја гледате сродната душа која ве прати низ векови. Чувствувате како цревата ви се преврќаат одвнатре. Се’ надвор од овој момент губи на важност.

Таа личност можеби нема да ве препознае, дури и ако конечно сте го сретнале, дури и ако всушност го препознавате. Но, можете да ја почувствувате врската која постои меѓу вас. Можете да видите потенцијален набој, иднина. Неговите стравови, неговата интелектуална позадина, проблемите, создаваат вел над неговото срце. И нема да ви дозволи да му помогнете да го растерате тој вел. Судбината може да биде таква.

Препознавањето на сродната душа може да биде моментално. Се појавува одеднаш чувство на познанство, далеку над границата кој го достига свесниот ум и тоа така длабоко како што обично се случува само со најинтимните членови на семејството. Или уште повеќе. И знаете точно што треба да кажете и како другите ќе реагираат..Затоа се раѓа чувството на сигурност и доверба многу поголема од она за кое може да се замисли да се достигне во еден ден, недела или месец.

Препознавањето на душата може да биде суптилен и спор процес. Не се сите подготвени да го прифатат откровението веднаш. Постои прогрес кој треба да се почитува и можеби ќе треба да бидете трпеливи. Доволен е само поглед, сон, сеќавање или чувство да сфатите дека пред вас се наоѓа вашата сродна душа. А тоа будење може да се случи и со допирање на неговите раце или со бакнување на нејзините усни.. и така вашата душа се враќа во живот.

Меѓутоа, не е речено дека ќе се венчаме со сродната душа. Всушност, може да се случи да се венчате со личност која е помалку врзана со вас, но која има нешто специфично да ве научи или да научи од вас. Исто така може да биде препознавањето на сродната душа во зрелите години, кога и двајцата сте создале семејство. Можеби вашата најсилна врска е душата која не се реинкарнирала во овој период на вашиот живот и која ве набљудува однадвор, како ангел чувар.

Постојат и души кои ќе одлучат да не бидат заедно или се венчаваат во секоја реинкарнација: можеби ќе се сретнат, ќе останат заедно додека не ја исполнат задачата и тогаш тргнуваат по својот пат. Нивните програми се различни и не сакаат или не чувствуваат потреба да го поминат цел живот заедно. Тоа не е трагедија, тоа е факт на предавање. Постои вечен живот кој треба да се помине заедно, а понекогаш може да биде потребно да се следат одвоените часови. Важно е да сфатите дека нема да среќавате сродна душа секој ден, тоа може да се случи еднаш или два пати во животот и божествената милост ја наградува душата која ја сакате, со великодушно срце. Сепак, тоа се средби судбински и сигурно ќе се случат, но некој мора да биде подготвен да ги фати.

дел од книгата ‘Многу животи, а само една љубов’- Brian Weis

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: