Откако си заминав не ме интересира дали ти недостасувам

Од кога заминав, повеќе не ме интересира дали ме бараш или ти недостасувам. Пред затворањето на тие врати, ја оставив таа приказна зад себе. Некогаш ценето друштво. Играта со маски престана да биде забавна кога морав да се преправам дека сум среќна додека одвнатре се’ ми се распаѓаше. Парчињата кои се стопија од твојата гипсана маска, пробав да ги елиминирам без уништување. Секој пат кога повеќе се обидував, повеќе и повеќе се валкав.

Знам дека ти недостасувам, но си заминав бидејќи ми беше доста од се’. Ми беше ко- протагонист на лажната приказна за слободна љубов која од твоја страна криеше само удобност и потреба. Игра во која јас секогаш губев, бидејќи во мојата рака не беа картите, иако мислев дека се. Ја затворив вратата не за да те повредам. Го направив тоа затоа што понекогаш мора да размислиш и да престанеш да бидеш технички материјал на сцена од една престава чија тема не ја разбираш.

Ја затворив вратата за да не бидам тоа и сега не е важно ако ти недостигам. Постојат скроени илузии и надеж после секое раскинување. Постои имплицитна желба другата личност да ги отвори очите и еден ден да се види нашето отсуство. Така ја саботораме нашата самодоверба и сопствената љубов. Се даваме 100% па дури сме подготвени да го платиме интересот со фиксна камата поради сомнеж и неизвесност на партнерот.

Чувствуваме дека сме победиле кога бившиот прв ќе признае дека му недостасуваме. Не сфаќаме дека личната победа не е заснована на признанието или покајанието. Голема е победата да се затвори вратата засекогаш кога дадовме се’ а ништо не добивме за возврат. Најголем успех е да се избегне продолжување на приказната во која можностите за промени ќе бидат бесконечни и нашата енергија престојуваше само во очекувањето да го променат другиот.

Затворањето на вратата засекогаш, не значи смрзнување. Тоа значи да се биде топол кон себе. Нашата емоција му ја доверивме на друг, како нашиот личен критериум да не беше доволен да сфатиме дека сме изедени одвнатре, а едно ‘ми е жал’ подоцна ништо не менува. ‘Ми недостасуваш, врати се’- не нуди никаква промена, повторно нуди руски рулет во врска полна со празнина.

Љубовта не не’ прави достоинствени, но ни носи спокојство и страст да живееме со голем ентузијазам. Љубовта не е пополнување на временските дупки. Љубовта е врска и единство во која никој не треба да се чувствува како резервна гума, некој кој очекува одреден одговор кој ќе дојде предоцна. Слободната љубов е онаа во која секој ја чува својата независност, таа не смее да се измеша со експлатација или емоционална изолација на еден партнер.

Тогаш тоа не е слободна љубов, туку експлицитна слобода која се употребува за љубов кои другите ни ја даваат. Кога ќе ја затвориш вратата, размисли зошто тоа го направи. Дефинитивно минатото не беше добро ако те доведе до тоа. Еден ден повеќе нема да почувствуваш недостаток на некој кој го имаше премногу во твојот живот. Меѓутоа, ако тој почувствува дека му недостигаш, тоа е негов проблем бидејќи имаше време да ја реши ситуацијата. Сега дојде твоето време и ти си најважната работа во твојот живот.

извор:lamenteemeravigliosa.it

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading