Оној кој уништува не може да лечи рани

Секогаш запомнете го ова: оној кој уништува не може да лечи рани. Значи, оној партнер кој ве уништи не може да се врати да ви ги излечи раните. Не ја правете оваа грешка, не мислете дека таа личност ќе ви помогне. Ако тој однос ве повреди, не се враќајте од страв дека ќе бидете сами, од страв дека нема да можете да напредувате без таа личност покрај себе.

Тоа е затоа што дисфункционалните односи, ако на нив не работите на вистински начин, не престануваат да бидат такви од чиста магија. Запомнете кога таа личност ќе ве уништи, вашиот ум ќе се наполни со мисли кои зборуваат да го продолжите животот понатаму без неа. Можевте да останете, но уверени сте дека неговото друштво не е најдобро за вас.

Времето поминува, а судирите се повторуваат. Понижување, недоверба, болка од лошо зарасната рана. Се’ од кое бегаме, а тоа предходно не сме го решиле, судено е да се повтори. Фројд овој факт го претвори во теорија во 1920 година во својата книга ‘Надвор од принципот на задоволството’, дефинирајќи ја како принудно повторување. Тоа значи дека луѓето имаат тенденција да се сопнат на истиот камен. Тоа значи кога нашиот камен е воспоставување на одредена врста на односи, ние систематски паѓаме на тоа.

Факт е дека каменот на кој се сопнуваме има ‘лично име’ или ‘прецизна личност’ значи дека настојуваме да се однесуваме на ист начин, генерираме емоционална зависност, бараме љубов на одреден начин и многу пати во конкретна личност. Затоа често мора да се соочиме со истите проблеми и покрај тоа што живееме во различни витални фази.

Зошто тоа ни се случува? Бидејќи се’ она од кое бегаме е осудено да се повтори. Ако не се замислиме, ако не ги преиспитаме своите одлуки или начинот на кој се однесуваме, осудени сме секогаш на истите грешки. Секогаш мора да знаете кога фазата ќе заврши. Завршете го циклусот, затворете ја вратата, затворете го поглавјето: не е важно како ќе го дефинирате. Важно е да ги напуштите оние моменти од животот кои се во минатото. Не можеме да останеме во сегашноста со носталгија за минатото. Ниту со постојано прашување зошто.

Што се случи, се случи. Мора да се ослободиме. Не можеме засекогаш да останеме деца. Оддалечувањето од себичноста, интересот и лутањето ќе помогне да започнеме нова фаза, да поставиме темели за нашата самодоверба и емоционално да растеме. Заминувањето, оддалечувањето, значи ослободување, раст и создавање на нов живот. Понекогаш мора да имате храброст да ја застанете нефункционалната приказна. Тоа простување подразбира дезориентација на одреден период. Ова може да не’ уплаши, но непосредна последица е реконструкција на самиот себе и склад со внатрешниот свет.

извор: www.lamenteemeravigliosa.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: