Вистинска причина зошто луѓето се разделуваат

Секој пар е поинаков, со своите особини кои со време се менуваат, обидувајќи се да се прилагодат на променливата стварност. Понекогаш плашејќи се од реакцијата на партнерот, се криеме позади фразите како: ‘Не е до тебе, јас сум проблем’. ‘Повеќе не сум вљубен во тебе’ ‘Вљубен сум во друга личност’. Но, во стварноста постојат причини за кои не се осмелуваме да ги изговориме.

И во новите и во долгогодишните врски вообичаено постои страв од истражување на своите чувства. Страв кој се манифестира пред се’ кога некој од двајцата се плаши да се покаже ранлив: чувствува дека соопштувајќи ја својата болка или својата радост, му дава на ‘партнерот- ривалот’ информации кои другите можат да го искористат во случај на расправија. Се плашиме од предвидувања. Така ги намалуваме сите свои потреби, избегнувајќи ја војната и почнуваме да трупаме и трупаме…Сите всушност знаеме каде не’ води оваа ситуација.

Walter Risi во својата книга ‘Пепелашка е губитник а жабата никогаш нема да стане принц’ ги објаснува најбрзите начини со кои се прекинува љубовната врска:

1. Рамнодушност. Тоа е киселина која нагризува и може да постои во било која врста на односи. Преку неа пуштаме многу јасна порака: ‘Не ми е гајле. Не ме интересира што мислиш, што чувствуваш и што правиш’. Рамнодушноста обично се меша со гордоста. Обидете се да размислите што се случува кога некој е рамнодушен кон вас. Се трудите да му возвратите. Ако некој не разговара со вас и вие не разговарате со него.

2. Недостаток на посветеност. Овде мора да се земе во предвид социјалниот контекст. Се’ повеќе и повеќе млади чувствуваат дека животот е долг, дека има уште многу да се проживее и да се искуси пред да ја запознаат личноста со која ќе го поделат остатокот од животот. Недостатокот на посветеност во 21 век оди паралелно со стравот од загуба на некои искуства. Кај постарите прашањето е посаложено и обично се појавуваат други стравови. Многу од нив можеби имаа врска во минатото во која се чувствувале предадени откако својот живот го изградија околу љубовната врска. Се плашат да се обврзат бидејќи во минатото веќе беа предадени.

3. Присуство на трета личност. Љубовта не е нужно вечна и како што се менува се’ околу нас, се менуваат и нашите чувства. Всушност, љубовта е таа која се менува. Многу парови се разделуваат бидејќи се исцрпени. Врската пополека венее за да се направи место за некој друг.

4. Недостаток на хумор. Хуморот е неопходен во сите области на нашиот живот: лично, професионално и секако емотивно. Личноста која ќе не’ насмее и има смисла за хумор не’ освојува, забавува и не’ прави да се чувствуваме среќно. Ако сме премногу сериозни или ја губиме смислата за хумор, од друга страна може негативно да влијае на нашата врска. Личноста која е секогаш тажна и намуртена ни дава негативност.

5. Недостаток на доверба. Многу работи можат да се случат во текот на врската, но ако откриеме дека оној другиот не бил искрен, довербата се крши. Еднаш кога ќе се изгуби довербата во нашиот партнер, тешко е да се поврати, бидејќи секогаш ќе има љубомора и помеѓу две личности ќе се случи голем сомнеж. Надминувањето на таква ситуација е навистина тешко.

6. Недостаток на интимност. Недостатокот на интимност со партнерот е една од причините поради која врските се прекинуваат. Негрижата за моментите на блискост со другите е облик на рамнодушност, која постепено го нагризува односот. Сексуалните врски се дел од интимноста. Обично на почеток на односот сексуалната желба е силна, но доаѓа време кога рутината ќе се почувствува.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/motivo-persone-lasciano/

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: