Неверството се’ открива: она што надвор го барате е она што ви недостасува во врска

Што е тоа што човекот го поттикнува да го изневерува својот партнер? Се чини дека заедничка нишка на неверството е чувство на недостаток: на внимание, контакт, разбирање, присуство, соучесништво, љубов од страна на партнерот.

Многу мажи изневеруваат бидејќи рутината ја гаси страста, многу жени изневеруваат затоа што не се чувствуваат почитувани; вака во партнерството влегува трета непозната. Резултат? Променлив. Не зборуваме само за разделување или простување, туку за откровението. Неверството е оној земјотрес поради кој ги отворате очите кон себе, кон партнерот, вистинските чувства и она што лежи во основа на вашата врска. Неверството ги истакнува жртвите и ве поттикнува да се запрашате: ‘Но, во овој момент, дали тие жртви навистина вредат?

Неверството се’ открива: она што се бара надвор од врската во стварноста е она што рутината го однесе или можеби никогаш не беше присутно, нешто толку важно за да го натера човекот тоа да го побара некаде на друго место. Неверство на другиот или предавство на самиот себе? Додека издајникот се обидува да ја пополни празнината, од друга страна, изневерената личност сфаќа дека не се изневерени само љубовта и довербата, туку и неговите соништа, неговите жртви, неговите одрекувања.

Колку изневерени ги затвориле своите таленти во фиока, бидејќи не се компатибилни со својот партнер, колку од нив се откажале од самите себе за да успеат како пар? Вака неверството открива дека сите нешто изневериле: постојат оние кои ќе го изневерат својот партнер и оние кои ќе се изневерат себеси. Љубовта не признава полумерки: парот навистина може да функционира ако се и двајцата слободни во потполност да се изразат себеси. Поради тоа неверството често е присутно и пред доаѓањето на третото лице.

Оние кои изневеруваат имаат најчесто се’ она што посакуваат, но во себе имаат сурово и необјасливо чувство на празнина. Така ја чувствуваат потребата внатрешната празнина да ја проектираат однадвор губејќи го партнерот, барајќи го неговиот недостаток. За нив емоционалната поврзаност со љубовникот е обично површна, нивното чувство на празнина останува и надвор од парот, бидејќи она што во другиот бараат се токму тие сами.

Често се тоа луѓе кои се откажале од своите таленти, своите соништа, за да останат во пар и покрај фактот дека врската со нивниот партнер изгледа ‘совршена’, но чувствуваат дека нешто недостасува. Се губат, забораваат на себе: пред неверството на саканата личност се изневеруваат себеси и се бараат, гледајќи секаде, дури и во гушкањето на погрешната личност, не пронаоѓаат среќа.

Што да се направи во случај на неверство? Некои психолози неверството го сметаат за можност на искупување, не само за предавникот, туку и за самиот пар: кршење на рутина и додавање на нов елемент, парот влегува во кризна состојба од кој има можност да излезе посилен. Кризата предизвикана со неверство можно е да се смета за здрава дури и ако парот се одлучи на разделба: ако не го издржаа овој тест, значи дека не биле доволно силни или дека нанесените повреди се премногу болни.

Во овој случај разделбата е добредојдена, бидејќи и’ овозможува на изневерената личност да се ослободи од врската поради која страда. За оние кои изневеруваат тоа ќе биде втора шанса да пронајдат вистинска личност или да го осветлат она што навистина им треба во животот.

Sandra Saporito

извор: https://www.eticamente.net/64879/il-tradimento-e-rivelatore-cio-che-si-cerca-fuori-e-cio-che-manca-dentro.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: