Сапиосексуалност: привлекување со интелигенција

Сапиосексуалност е термин кој се користи за личност која смета дека интелигенцијата е главен фактор на сексуалната привлечност. Зборот доаѓа од латинскиот збор ‘сапиенс’ што значи мудро или разумно. Сапиосексуалните личности емоционално се активираат пред иновативните стимуланси и не обрнуваат внимание на она што се повторува. Особина која психологијата на личноста ја дефинира како отвореност кон нови искуства. Токму од таа причина, чувствуваат сексуална привлечност пред се’ преку разговори кои отвораат нови хоризонти со своите мисли.

Оваа возбуда, која на почеток е само ментална, се завршува на други нивоа, како физичко, емоционално и еротско. Оваа појава може да влијае на двата пола. Меѓутоа, таа е почеста и поизразена кај женскиот пол, затоа што жените помалку се фокусираат на физичкиот аспект од мажите и потребни им се и други стимуланаси за да се вљубат. За сапиосексуалната личност, длабоката интелигенција е главен фактор во играта на заведување.

Психијатарот Lister Rossel тврди дека мозокот е главен сексуален орган, дури и пред кожата и гениталните органи. Од друга страна, сексологот Emma Ribas тврди дека интелектуалното заведување дава поголем квалитет во односот, бидејќи интелигенцијата буди желба која потоа се преведува на физичко ниво. За сапиосексуалните личности, разговорот се претвора во сексуална игра помеѓу два ума. Сакаат изненадувања. Тие често оставаат простор за копнеж и знаат како да го одржуваат преку мистерија. Овој став е познат како еротска интелигенција.

Меѓутоа привлекување со интелигенција може да претставува и опасност, посебно кај несигурните луѓе или луѓе со ниско самопочитување. Во овие случаи, всушност, можат да се создадат зависни односи бидејќи несигурните луѓе стануваат уште понесигурни. Им се воодушевуваат на оние кои себе се сметаат за интелигентни, бидејќи не се сметаат за такви.

Сапиосексуалните луѓе дозволуваат да бидат заведени со зборови. Тие сакаат квалитетни разговори и дијалози кои ги стимулираат и ги тераат да побегнат од површност, пронаоѓаат љубов во внатрешноста на другата личност. Меѓутоа да се биде сапиосексуален не значи да не се земат во обзир и други параметри, како што е физички изглед или личноста. Исто така е можно овие луѓе несвесно да ја поврзуваат интелигенцијата на партнерот со сигурни и стабилни односи.

На некој начин, тие ја поврзуваат интелигенцијата со подобри одлуки и заштита во односот. Сапиосексуалност е уште еден аспект кој треба да се вклучи заедно со други критериуми кои ги користиме кога ја бираме личноста со која сакаме да бидеме. На крајот, ако сакаме да го поминеме своето време со личноста, можеме да направиме интересни разговори и да бидеме во состојба да ја одржиме таинственоста во животот.

извор:https://lamenteemeravigliosa.it/sapiosessuale-attratto-intelligenza

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: