Што крие Невозможната љубов?

Вродениот романтизам не’ тера да веруваме дека сме на добар пат, дури и ако срцето ни е се’ поранливо. Што се случува во нас? Зошто не можеме да го задушиме тој порив, таа фатална привлечност? Што се крие зад Невозможната љубов? Восхитување, потреба, болка, љубов, наклоност, емоционална зависност.

Затоа одговорот на ова прашање има бескрајно многу можности. Не се сите љубови возможни и секогаш не се вредни да се бориме за нив. Некои љубови мора да се пуштат, а другите едноставно не ја уважуваат убавината на ова чувство. Понекогаш е подобро да се откажеме од она што е недостижно. Зошто се вљубуваме во луѓе кои не ни одговораат? Причините можат да бидат различни, еве неколку:

1. Поради емоционална зависност. Некои луѓе чувствуваат потреба да имаат некој во близина, кој може да им биде сопатник или поради кој се чувствуваат исполнето. Оваа потреба генерира силна анксиозност која попушта само кога објектот на желбата е блиску. Кога го нема, немирот расте и ги наведува оние кои страдаат од неа постојано да ја бараат ‘неговата љубов’ за да ги смират. Оваа малаксалост, ако се доведе до крајни граници може да стане вистинска болест.

2. Поради романтичниот идеал. Борба против ветрот и бурата. Но, дали навистина мора да издржиш било што и да одиш понатаму, без оглед на цената? Можно ли е понекогаш нашата акција да не е слободен избор, туку облик на обврски кои ги диктираат нашите уверувања (лажни и штетни).

3. Затоа што обрнуваат внимание на нас. Едноставно е, дури и ако е тешко да се признае, понекогаш лудо ќе се вљубиме во некој само затоа што ни посветува малку внимание. Тоа, секако одговара на низа од емоционални недостатоци и потребата да се почувствувате прифатени.

4. Бидејќи истовремено имаме потреба за љубов но и страв од љубов. Колку и да изгледа чудно, постојат луѓе кои се фрлаат во невозможна љубов за да ја избегнат љубовната интимност. Тие луѓе, живеат во измислен свет кој секогаш го идеализираат. Тоа е нивен начин да се почувствуваат сигурно соочени со ранливоста на вистинскиот интимен живот, бидејќи блискоста со друга личност ја доживуваат како ‘опасност’.

5. Затоа што недостижните луѓе се повредни. Тоа е идеал на платонската љубов како невозвратената љубов.

6. Поради восхит. Во љубовта, секако, восхитувањето мора да биде заемно. Меѓутоа во некои случаи тоа е еднострано чувство и тоа е елемент кој го поддржува парот. Секоја љубовна врска која ќе започне на овој начин ќе биде осудена на неуспех и сукцесија на личноста која чувствува восхит, која ќе биде скршена со особините на другиот.

Но, дали е тоа вистинска љубов? Љубовта не е секогаш фактор на среќа, туку и можности. Понекогаш ова чувство не’ врзува со проток на адреналин, предизвик за да се има нешто за што вреди да се живее. Не значи дека не можеме да бидеме романтични или некои од нашите идеали не можат да се остварат во животот во пар. Тоа е вистинска амбиција, но никогаш не смееме да заборавиме на неотуѓивите принципи од кои љубовта мора да почне.

извор:https://viverepiusani.it/amori-impossibili

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: