Ако некој ни недостасува не значи дека сакаме да се врати во нашиот живот

Некој може да ви недостасува, бидејќи го сакате. Многу прашања можете да поставувате: Дали таа личност можеше да биде вистинската? Што ќе се случеше ако…? Меѓутоа, оваа носталгија не значи дека таа личност ја посакувате назад. Чувството на недостасување не е ниту малку пријатно. Понекогаш тоа чувство е поврзано со голема болка во срцето. Се сеќавате и мечтаете за она што останало во сеќавањата.

Сепак, постои причина зошто тој однос е готов. Држењето на дистанца помага да му одолеете на искушението да се вратите, бидејќи длабоко во себе не сакате да се вратите. Може да ви недостасува личност и ‘приказна’ која заедно со таа личност ја испишавте. Всушност, тоа многу влијае на значењето на тие сеќавања. Понекогаш не сакате таа личност да влезе во вашиот живот, но сепак сакате да ги проживувате добрите времиња. Запомнете го ова: Тоа значи дека само со таа личност можете добро да се забавувате. Но, исто така не значи дека не можете да уживате во своите убави сеќавања.

Постојат луѓе кои ве пратат само кратко време; поминувате низ добри и лоши времиња и потоа се разделувате. Ако ви недостигаат, треба да се сетите дека секоја приказна има две страни. Ние ја ‘пишуваме’ својата страна и имаме свое мислење и причина и затоа можеме да уживаме во слаткиот вкус на она што животот го прави така посебен. Овде треба да е јасно дека не е исто ако ви недостасува личност или сеќавање. Кога приказните ќе престанат, кога ќе се завршат, тие се целовити.

Дури и ако ја повторите истата работа со ист човек, тоа нема да биде исто. Бидејќи луѓето се развиваат, се менуваат и затоа не можете никогаш да се вратите во минатото. Да се обидете повторно со некој кој веќе го знаете и со кој испишавте дел од својата приказна, односно со оној со кој имате минато, значи да започнете од друга точка. Не можете повторно да создадете стари чувства и да ги поминувате истите приказни.

Да се присетите на своите сеќавања и да уживате во вкусот кои го оставаат зад себе. Да уживате кога ги затворате очите, да пуштите солза кога ќе се сетите дека таа личност ја нема, тоа е сосем во ред. Но, да бидете среќни дека тоа се случило и сеќавањата се секогаш во вас на овој или оној начин. Секој ви останува во сеќавање, така да мора да го живеете својот живот. Дозволете работите да ви недостасуваат, но ако тоа само ве боли, тогаш е најдобро да се препуштите на сеќавањето. Не се обидувајте нешто да повторите и да форсирате нешто што повеќе го нема.

Можеби ви недостасува таа личност, но да се посака некој назад е поинаква работа. Бидејќи имаме свое минато, тоа можеби ни недостасува, но пред нас има уште многу нови искуства. Да подвлечеме црта и да гледаме напред ако носиме одлуки само врз основа на носталгијата. Да престанеме да живееме во минатото и да ги отвориме очите на она што е пред нас. Луѓето кои беа со нас ќе останат во нашите сеќавања и чувства, но луѓето кои не’ чекаат на нашето идно патување сакаат да ги отвориме рацете за нив.

Да се биде храбар значи повторно да се верува. Ако и понатаму ви недостасуваат луѓето кои ги познававте, рескирате да пропуштите нови искуства, нови шанси, нови луѓе, нови пријатели. Им давате на другите можност да ја пополнат дупката во вас.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: