Не губете време во давање на отпор

Отпорот е еден од клучните проблеми кои укажува на сите други проблеми. Сите неволји почнуваат со отпор. Кога на нешто давате отпор, се одвојувате од целината. Се обидувате да бидете остров, посебен, одвоен. Носите пресуди, нарекувате нешто погрешно, лошо, неприфатливо.

Кога давате отпор значи станувате судија. Ако не се опирате, нема раздвојување помеѓу вас и енергијата која се движи околу. Одеднаш се запознавате со неа- постои само движечка енергија. Научете да соработувате со се’, без оглед што се случи, не се спротивставувајте на целината. Малку по малку, ќе почнете да чувствувате огромна количина на нова енергија која доаѓа кога сте дел од целината- бидејќи во отпорот трошите енергија. Во неотпорност упивате енергија.

Ова е исто така дел од источната филозофија: да се прифати и да не се дава отпор, се’ да се пушти без жестока борба. Не се обидувајте да бидете победници. Не се обидувајте да бидете први. Дали е можно да се победи некоја личност која не сака победа? Дали е можно да се понизи личност која нема суета? Дали е можно да се убие личност неподготвена да умре? Невозможно е. Препуштајќи се, личноста на крајот победува. Погледнете длабоко во себе и сфатете ја поентата на тоа: не губете време на отпор.

Ошо

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: