Што да направите кога ќе дознаете дека ви зборуваат зад грбот?

Тоа е грозно чувство, особено кога тој некој е ваш пријател или таа личност ја сметавте за пријател. Иако трачот ве разочарал, треба да знаете дека не се работи за вас туку за многу други работи. Другата личност тоа може да го направи од љубомора, завист, несигурност или затоа што се чувствува загрозено поради вас и вашиот успех. Еве што можете да направите

1. Не го правете истото. Не се борете со трачарите, тоа ќе продуцира уште повеќе трачови. Не се спуштајте на нивно ниво. Бидете подобри од нив. Не давајте да ве видат дека ве изневериле. Сокријте го својот бес и разочарување. Не им го давајте задоволството да мислат дека победивте.

2. Пуштете ги, не превземајте ништо Ако се вклучите во трачарските активности или отворено соочување со нив, нема да постигнете ништо и нема да ги застанете. Тие и понатаму ќе зборуваат зад вашиот грб. Затоа, најдобро што можете да направите е да ги игнорирате и да најдат некој ‘нов’ за кој ќе зборуваат.

3. Поставете јасни граници. Не започнувајте кавга со нив ако нема потреба. Меѓутоа, не се преправајте дека ништо не се случило. Ставете до знаење што ви прават зад грб. Простете им, но не заборавајте на инцидентот и тоа што ви направиле. Вашите граници мора да бидат цврсти и јасни.

4. Бидете позитивни. За да се борите против негативноста која ви е упатена, мора да бидете позитивни. Обидете се да ја согледате ситуацијата од нивна перспектива. Зошто некој би се однесувал така? Можеби се чувствуваат загрозено, несигурно или се љубоморни. Обидете се да ги видите нивните причини и да ги разберете. Бидете љубезни кон нив- но умерено. Ако со нивната негативност се борите со сопствената позитивност, секогаш ќе победите.

извор: thepowerofsilence.co

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: