Љубовта не може да се сокрие

Вљубените лесно се препознаваат, дури и ако не покажуваат чувства. Ако само стојат еден покрај друг во гужва или седат во некој бар и не се допираат и не ја покажуваат својата љубов со поглед. Тие можат едноставно да зборуваат или да молчат.

Но, љубовта е очигледна. Околу вљубениот пар се формира меур во кој се тие двајца. Само тие двајца, дури и кога се расправаат. Невидлива прозирна школка го разделува парот од остатокот на светот. Невидлив облак ги обвиткува вљубените. А остатокот од светот станува позадина. Сиот свет е со свои звукови, движења, радост и тага позадина, само сценарио.

Оваа невидлива обвивка, создава нивен личен свет. Тие имаат своја температура, своја клима, свој јазик и своја тишина. И ништо не може да ги повреди или погоди додека се во свој простор, во внатрешноста на меурот. Ова е заедничко поле. Кога се блиску, се создава заедничко поле со многу енергија. Тоа е она што го прави еден ‘пар’: како близнаци во матката на мајката, тоа е љубов во магичниот меур на енергија. Тие се секогаш и секаде заедно дури и ако не се допреле. во својот свет, во својот простор, кој мора да се заземе со сета сила. Оваа школка сака, создава дом, засолниште и љубов.

Ана Кирјанова

извор: www.advencedmindinstitute.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: