Дали ги препознаваш луѓето кои во твојот живот влегуваат како трговци?

Постојат луѓе кои од прва ти ја освојуваат душата, без да се наметнуваат со нешто. Оние кои не се трговци во односите, кои имаат добри намери со тебе, бидејќи нема позадина на нивната приказна. Тие луѓе се викаат пријатели.Вистина е дека такви луѓе има малку, но такви луѓе постојат. Оние кои нема постојано да вагаат што во односот добиваат а што губат, сигурни се во себе, бидејќи имаат вредност која тоа им го овозможува, во секој друг да видат вредност.

Постојат луѓе кои ќе го сменат твојот поглед на светот, без да бидеш свесен дека нешто се случило. Тоа се едноставни, тивки, ненаметливи луѓе, чии зборови не се расфрлање ‘празна слама’, во чии поглед нема скриени вистини, кои ќе застанат позади се’ она што ќе кажат. Тоа се луѓе кои веднаш треба да ги пуштиш во својот живот, бидејќи од него ќе направат чудо, поврзи се со такви луѓе и изгради пријателство, бидејќи тоа е една од најголемите инвестиции која никогаш нема да пропадне.

Постојат луѓе кои во твојот живот ќе влезат како трговци, како луѓе кои дошле по нешто и мора да дадеш нешто за замена, мора нешто да ти продадат, да се прикажат како добри и убави. Оние на кои влезот во твојот живот е само една од опциите, бидејќи моментално не знаат што би можеле друго. Нив нема да ги видиш кога ќе ти требаат туку само кога нив нешто им треба, од такви луѓе тргај се, подобро ќе ти биде. Приближи се до оние кои ќе ти ја освојат душата, луѓето чие его е незабележително, но душата голема.

Тоа се оние кои секогаш имаат нешто да ти дадат, убав збор, насмевка, гушкање, утеха или охрабрување и на крај , стануваш подобар човек. Биди блиску до луѓето кои ќе те освојат со љубов и добрина. Кога си во нивното друштво и ти си подобар човек и подобро се чувствуваш.

Од таквите луѓе, секој ден ти е најдобар ден.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: