Животот на никој не му останал должен

Животот е чудо, иако можеби не е онаков каков сте го замислувале во детството. Годините поминуваат, а ние само нешто чекаме за да почнеме да дишеме, да станеме среќни и спокојни, за да почнеме да живееме. Сите тие години не можеме да ги вратиме и дури во староста, можеби ќе сфатиме дека животот нечујно поминал покрај нас, додека ние замислувавме како требало да го живееме. Што и да ви се случи во животот, мора себеси да се потсетите дека животот е од непроценлива вредност.

Животот е прекрасен, иако можеби во моментот не ви е по волја. Обрнете внимание на се’ што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на случки кои ве прават тажни или радосни. Прифатете се’ без отпор. Дозволете си себеси да страдате кога ви е тешко и да се радувате кога ќе доживеете успех.

Сакајте со цело срце. Сакајте се’ -и она што ви одговара и она што не ви е по ќеф. Извлечете најдобро од се’, од секој настан, од секој човек, од секој проблем, од секоја препрека. Засакајте се себеси, засакајте ја својата драгоцена улога во оваа непрегледна шема на работи. Вашето присуство не е случајно. Вие сте важна карика во огромниот ланец на постоење.

Животот е дар, иако можеби немате се’ што отсекогаш сте посакувале. Човекот жнее само она што посеал. Затоа, давајте љубов, разбирање, добрина, човечност, искреност, милост, верба, сочувство. Верувајте дека добро со добро се враќа.

Правете добри дела. Помогнете на кој можете. Собирајте бодови кај таа моќна, креативна сила која ја нарекуваме Бог. И запомнете една најголема вистина. Животот на никој не му останал должен.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: