Зошто молчењето и игнорирањето е глуп начин да казните некого?

Еден маж напушти жена. Иако немаше скандали, расправии, предавство. Не, тој не се заљуби во друга жена кога замина без збор. Можеше барем да биде искрен. Ваква личност не може да ги направи среќни ниту себе, ниту другите..

Една сопруга не разговара со својот сопруг. Не можеше да разговара со него воопшто три- четири недели. Таа молчеше, тој беше збунет. Не одговараше на неговите прашања. Ако нешто му требаше, тој пишуваше кратка белешка или порака. Во тие недели на молчење, сопругот мораше да погаѓа што е неговата вина. Понекогаш знаеше зошто е виновен. Но, на крајот причините беа банални.

Тишината понекогаш е потребна. На пример, ако не сакате да влегувате во расправија. Но, генерално гледано, ова е сурова и глупа казна. Молчите. Гледате се’ со ладен поглед и не одговарате на прашања. Ги пуштате другите да погодат што ќе се случи и што ви е во мислите. Молчите и гледате горделиво и со презир. Само, никој нема да ги погоди вашите мисли и намери. Бидејќи на никој не му е гајле за вашето молчење, освен на блиските луѓе кои се емоционално зависни од вас. За вас се грижат само оние кои ве сакаат и на кои им требате.

Суровата тишина ги учи луѓето дека можат без личноста која молчи. Да пронајдат други луѓе со кои може да се разговара, што е природно. Можете да молчите колку што сакате во потполна осама. Само што тоа на никој не му е важно. Нема никој кој можете на тој начин да го казнувате со молчење, никој кој можете да го манипулирате и да го присилувате да ползи на колена, молејќи ве за простување. Луѓето остануваат заедно додека разговараат. Тивко и неважно. Мртвите молчат во мртва врска. Тишината е имитација на смртта, тоа е како да престанете да дишете. Тоа е се’. Крај. Можете да молчите. Но, да ја занемарите тишината долго време е невозможно. Бидејќи живите луѓе ќе одат кон други живи луѓе. Кај оние со кои можат да разговараат.

Ана Кирјанова

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: