Никогаш не се враќај на старо, да чинеше ќе траеше

Ниту една жена не треба да му помогне на мажот да ја освои. Мажот за тоа треба да се потруди. Без оглед колку некој маж ви се допаѓа, не смеете да му помогнете да ве освои, ниту да му ја олеснувате работата. Ако му помогнете на мажот да ве освои, ризикувате да останете осамени покрај мажот кој подоцна ќе се опушти и ќе престане да се труди околу вас. Постојат некои работи на кои жените не смеат да се согласат и на кои мора да обрнат посебно внимание.

1. Не можеш да го задржиш мажот. Ако мажот сака да си оди мора да го пуштите. Не смислувајте никакви начини да го задржите, бидејќи секој има слобода да прави што сака и да биде со кој сака.

2. Не се обидувајте да го вратите мажот. Без оглед колку некој маж ви се допаѓа, ако не врската не оди како што треба, не се трудете да го вратите. Не се враќајте на старо.

3. Не го освојувајте мажот. Родена си да бидеш жена, затоа освојувањето остави им го на мажите. Ако му помагате на мажот да ве освои, се лишувате од женската енергија со тоа што се занимавате со машките активности.

4. Не му помагајте на мажот да ви се приближи. Нека се потруди да ја добие вашата наклоност. Дозволете му да ве препознае, да го запознае вашиот карактер и она што сакате. Не му олеснувајте и дозволете му малку да се бори за вашата наклоност.

5. Не попуштај. Ако жената константно му попушта на мажот таа се изневерува себе и го лаже него. Несвесно го прави слаб поради што подоцна ќе зажали. Ви треба силен маж кој ќе знае да ве води, а ако постојано попуштате нема да го добиете.

6. Не се бори со друга жена. Најлошо е што една жена може да направи е да се бори со друга жена за некој маж. Бидете јаки и храбри и излезете од љубовниот триаголник. Ако сакате да бидете среќни и ако се сакате себе не губете време во расправија со друга жена поради маж, не е вредно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: