Од машки агол: Никогаш не се расправај со жена

Јасно е дека не постои единствен рецепт за среќа, но многу е важно да се биде во склад со својот живот и се’ да се прави со радост, па тогаш можете да го почувствувате мирот и личното задоволство.

1. Никогаш не се откажувајте од своите цели. Многу мажи се плашат да излезат од својот конфор зона и да ризикуваат за да ги постигнат своите цели. Тие само сонуваат, сонуваат за нешто и живеат несреќен живот. Најнесреќните мажи се оние кои носат грандиозни фантазии и не прават ништо да ги остварат. Трудете се секојдневно да превземете мали, но сигурни чекори кои ќе ве водат до вашата цел.

2. Научете да го планирате својот живот. Жените во животот се водат со емоции, а мажите со логика и здрав разум. Поставете си реални цели и не се оптеретувајте со многу обврски. Пополека решавајте ги една по една без оптеретувања. Запомнете дека мали успеси водат кон поголеми, затоа само напред и не се откажувајте.

3. Никогаш не се расправајте со жена бидејќи во 90% случаи ќе изгубите. Колку и да сте во право секогаш на крајот ќе попуштите и ќе направите она што ќе биде поволно за вашата поубава половина. Обидете се мудро да се расправате со неа така да и двајцата ќе бидете во добивка.

4. Внимавајте на себе и своето здравје бидејќи ако вие не водите сметка за себе, верувајте дека никој друг нема. Бидете физички активни, здраво хранете се и доволно спијте.

5. Не губете го своето драгоцено време на негативности и негативни луѓе. Наместо тоа, дозволете си себе некои нови искуства, забавете се и правете она што сакате. Искористете ја секоја прилика својот ден да то исполните со позитивни емоции. Трошење на времето на негативни работи и луѓе нема да ви донесе ништо добро само ќе ви го одземе вашето драгоцено време кое можевте да го потрошите на многу подобри и поважни работи.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: