Оној кој навистина ве сака нема да манипулира со вас

Манипулациите не се секогаш така очигледни како што можеби мислиме. Не ни се секогаш ‘пред нос’ за да можеме лесно да ги забележиме. Тие некогаш се многу добро скриени. Некои успеваат да ги сокријат зад своите ветувања за вечна љубов. Некои ги кријат под поимот брак. Некои тоа го прават многу внимателно, што успеваат да не’ измамат дека се’ е направено за наше добро. Навистина се работи за вештина кога подобро ќе размислите за тоа.

Чувстителната работа во врска со тоа е фактот дека не можат сите да ја препознаат кога се манипулира со нив. Меѓутоа, тоа не значи дека не може да се открие. Треба некое време, а можеби и помош од другите, но манипулациите можат да се откријат и да се решаваат. Еве неколку знаци кои ќе ви помогнат да го откриете манипулантот.

1. Постојано ве обвинуваат за се’. За вашите несогласувања. За вашите чувства. За вашите проблеми. За нивните неуспеси. Буквално за се’. Се чини дека секогаш ќе бидете виновни што и да направите. Дури и ако не направите ништо.

2. Секогаш ве проверуваат. Со изговор дека навистина ги интересира и сакаат да знаат дали сте добро. Но, да бидеме искрени. Совршено сте свесни дека не ве проверуваат бидејќи се грижат, туку имаат потреба секогаш да знаат каде сте. Ако ги прашате нив, нема никогаш да излегувате надвор.

3. Често викаат на вас, но објаснувањето е дека тоа го прават бидејќи се грижат за вас. Секогаш е исто. Викаат и ќе кажат дека ве сакаат. Извинете, но контролата не е љубов.

4. Постојано ви даваат до знаење дека никогаш не можат да живеат без вас. Не на фин начин, туку ‘Ќе те убијам ако ме напуштиш’. Овде е јасно дека врската е токсична.

5. Сакаат да ве споредуваат со своите бивши партнери. Бившите партнери се бивши со причина. Тоа е затоа што сме одлучиле да се одвоиме од нив и да ги оставиме во минатото. Таа личност не ве сака поради она што сте. Очигледно се со вас бидејќи ги потсетувате на нивниот бивш партнер. Тоа носи многу други прашања и проблеми кои не ви се потребни во животот.

6. Се жртвуваат за вас, но тоа го прават само за да се чувствувате дека нешто им должите. Тие прават одредени работи за вас, но тогаш, штом ќе излезе некоја расправија помеѓу вас, постојано нагласуваат дека не заслужувате човек како нив.

Во право се. Заслужувате вие многу повеќе. Заслужувате вистинска личност која знае да сака и добро се однесува кон вас.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: