Разводот не мора да биде крај, може да биде нов почеток

Кога мојот сопруг одлучи да ме напушти и да се разведе од мене, мислев дека засекогаш ќе бидам несреќна. Морав на нашите деца и на сите наши пријатели и семејството да им соопштам дека се разведуваме и поради тоа бев многу очајна. Имав чувство дека цел мој живот се распаѓа, но со тек на време научив многу интересни работи за себе и за мојот живот.

После разводот животот станува полесен. Имаше моменти кога бев многу уплашена и без надеж и мислев дека тагата нема никогаш да исчезне, но многу бргу сфатив што е она што навистина сакам од животот. Разводот за мене беше само една станица во животот, после која станав сосем нова личност. Сега кога сум разведена помалку време трошам на чистење, а повеќе време си посветувам себеси. Животот стана подобар и за моите деца. Пред да се разведеме, постојано размислував како децата ќе го поднесат нашиот развод. Се покажа дека тој мој страв беше непотребен. Тие по разводот станаа многу похрабри и научија што значи одговорност.

Плачењето не е знак на слабост. Плачењето е сосем нормална работа и реакција која не не’ прави слаби. Прифатете се себе и своите емоции и покажете дека не сте робот без емоции. Не чекајте подобри времиња. Чекањето и надевањето се прекрасни работи, но не се доволни. Не го трошете своето време и најдобрите години на живот и решете се од се’ што е лошо.

Не чекајте долго за да направите нешто со својот живот после разводот. Направете веднаш она што мислите дека е најдобро за вас и вашите деца. Бирајте ја самотијата, не осаменоста. Многу е важно да знаете да уживате во самотијата. Мене не ми беше лесно да се прилагодам на новиот начин на живот после разводот. Долго време делев се’ со мојот сопруг, а сега требаше да научам се’ да правам сама. Ми требаше време да научам да се чувствувам пријатно со моето друштво, но кога успеав, се чувствуваше голема промена.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: