Не се откажувај! Бог ќе ти даде сила да издржиш

Незадоволството лежи во процепот помеѓу она што имаме денес и она што мислиме дека ни е потребно. Но, вистина е дека нема да стекнеме ништо повеќе за да бидеме задоволни со она што имаме. Не ни треба ничија дозвола за да бидеме среќни.

Вашиот живот е величенствен, не затоа што некој така вели или затоа што стекнавте нешто ново, туку затоа што вие така одлучивте да го гледате. Не дозволувајте вашата среќа да биде заложник.

Вие секогаш можете да бирате дали сакате да живеете или да преживувате. Штом ќе оставите се’ и секого да биде одговорен за својата среќа, ќе бидете среќни. Ако не сте задоволни сега, никој друг не е виновен за тоа.

Превземете ја полната одговорност за својата сопствена несреќа и веднаш ќе добиете можност да бидете посреќни. Едноставно одлучете да ја почитувате важноста на она што е во овој момент, а добрите услови ќе почнат да се редат околу задоволството кое го барате. Поголемиот дел од вашата среќа или несреќа зависи од вашиот поглед, не од вашите околности.

Дури и ако работите не се совршени токму сега, помислете на сета убавина која и понатаму е околу вас. До добрата причина за насмевка не’ дели само еден чекор, една мисла; одлучете да се приклучите на неа кога и да посакате.

Извор: svijetpozitive.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading