Зошто никогаш не треба да му се враќаме на оној кој ни создава болка

Време е конечно вашиот здрав разум да проработи и да сфатите дека не треба да се враќате на оној кој ‘ве боли’. Постојат луѓе кои ви се допаѓаат, но се штетни за вас, без оглед дали имате сериозен однос со него или имате авантура. Во тие луѓе постои некоја незаситна неодоливост дека се покрај вас, а истовремено недоволно блиску. А вие веќе навлеговте во калта и тоа не е прв, ниту последен пат.

Го обожавате моментот кога на вашиот телефон ќе го видите името на човекот. Подготвени сте да тргнете на се’ само да ја видите таа искрената насмевка. Кога не сте заедно, сакате да го видите тој поглед со кој тој/ таа ве гледа. Но, гледајќи вистински во нив, вие не го гледате воопшто тој израз кој сакате да го видите. Во тој израз го гледате чувството на далечина, која зборува дека тој или таа не е сосем со вас и никогаш нема ниту да биде, без оглед колку вие сакате.

Тој или таа можат да ви кажат дека сте преубави и вие ќе посакате да поверувате во тоа, бидејќи зборовите произведуваат впечаток на нас или ни создаваат болка или ни даваат среќа. Дел од вас ја бара таа болка која ви ја дава тој човек. Тоа е заплеткан циклус ‘напред- назад’, поврзан со тој човек и немате сила да прекинете и му се враќате.

Сето време чекате промени во тој човек. ‘Можеби овој пат навистина се’ ќе биде поинаку’ си зборувате себеси со тврдоглава невиност. Повторно ги затворате очите. Добро сфаќате што се случува, кои се последиците од тоа што се случува и зошто е тоа лошо за вас. Исто така ја знаете разликата помеѓу оние за кои сте на прво место и оние за кои сте само некој додаток. Обично здравиот разум на крајот ќе победи, но за тоа често е потребно многу време.

Вашите емоции ви ја соопштуваат голата вистина директно во лице, бидејќи пребрзо се предадовте на својата желба да го гушнете него или неа. Претпоставувам дека тоа може да биде доживеано како слабост и емоционална незрелост, што на некој начин е. Ни зборуваат никогаш да не се согласуваме на помалку од она што го заслужуваме. Зошто тогаш не го следиме овој совет? Дали навистина им подлегнуваме на искушенијата и се предаваме потполно на човекот, кој не не’ почитува како што заслужуваме кој не’ прави невредни?

Се додека не можете да ги контролирате своите чувства, не можете да контролирате како другите луѓе се однесуваат кон вас. Ние сакаме да веруваме дека луѓето можат да се променат поради нас, но мора да се соочиме со вистината дека тоа нема никогаш да се случи. Важно е да се сфати и прифати. Некои луѓе, без оглед колку силно не’ привлекуваат, не се вредни за тоа.

извор: cluber.com.ua

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: