Зошто остануваш со партнер кој одамна е странец на твојата душа?

Време е да престанеме да си ги заробуваме срцата. Знаете што ме боли најмногу? Кога ги слушам другите како се убедуваат дека е во ред да се игнорира и запоставува она што срцето зборува, она за кое вреска, затоа што се исплашени, што може да се случи ако решат да го послушат и да ја напуштат својата комфорна зона.

Вчера чашата се прели. Одамна не сум почувствувала таков гнев, кога слушнав како уште една жена, се спогодува со самата себе. Седев покрај прекрасна, силна , независна жена која беше заглавена ‘до гуша’ во своите слабости и наоѓаше изговори, за тоа зошто треба да продолжи да биде несреќна, неразбрана, непочитувана и заробена по избор, во врска со партнер кој повеќе не ги исполнува нејзините желби и не ги слуша нејзините потреби.

Ете, ова утро решив повеќе да не ја држам устата затворена. Морам да го кажам ова на глас… Досега многу жени ги слушав, како се обидуваат да си дадат себеси изговори и да се обидат да рационализираат, зошто треба да живеат живот во кој го уништуваат својот дух и зошто си ја уништуваат својата самодоверба.

Бев и јас во таква ситуација. Ги бранев причините зошто останувам во средина или со партнер кој одамна е странец на мојата душа. Свесна сум дека не постои доволна мера на инспиративни дијалози кои ќе бидат охрабрување. Ништо не може да се промени сè додека не сте вистински подготвени да се најдете на самото дно, од каде нема одење подолу. Од каде само смртта е единственото продолжение на приказната.

Смртта е апсолутна. Сите ќе умреме еден ден. Па, како ќе одберете да живеете? Ќе живеете во гушење и во живот кој ќе ве уништи, однатре и однадвор или ќе го најдете првиот прозорец, кој ќе биде излез од проблемите? Ако чекате да дојде вистинското време, вистинскиот ден, вистинската сума на пари, вистинските години, вистинскиот момент – никогаш нема да дојде.

Прифатете и прегрнете ја сегашноста и запомнете, секој момент во кој останувате заробени во својот страв, светот полека но сигурно се руши, бидејќи вашето срце е скршено. Слушајте го срцето и преземете акција. Бидете храбри. Спасете се себеси, спасете го светот.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: