Кога најмногу не можеш, тогаш најмногу мораш!

Секогаш кога свесно ќе пропуштиме добра прилика, покажуваме дека не сме сигурни дали сме достојни. Не веруваме во себе.
Секогаш кога ви се чини дека некој е на позиција која по никој основ не му припаѓа, сетете се дека тој истиот се уверил себеси дека тоа го може и ете го.

Тој ви се смее вас и на приликата која ја зграбил. Ни една шанса која ќе ни се укаже не е поголема од нас самите. Ние сме тие кои ја одредуваат големината, споредувајќи се со неа.
Ние сме тие кои се откажуваме поради недостаток на љубов и доверба во себе.

Добра вест е дека приликите никогаш, ама баш никогаш, не се откажуваат од нас. Наново и наново ќе се појавуваат, ќе се враќааат, ќе го менуваат обликот или името, но, секогаш ќе бидат тука.

Најдобрата вест е дека нас приликите ни ги пушта Оној, кој никогаш не се откажува од нас, како родител што не се откажува од своите деца, колку и да паѓаат додека да научат да одат. Пуштена рака има насекаде. Ние понекогаш не ја прифаќаме. Или ‘скитаме’ или ‘спиеме’.
Можеби е вистинскиот момент да се разбудиме и да ја прифатиме раката. Не е тешко да се прифати помош. Тешко е и вистинска штета да се остане на колена, ако веќе имаме моќ да трчаме.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: