Неговото лошо расположение не треба да биде оправдание за лошиот однос кон вас

Колку пати сме слушнале дека е нерасположен. Тоа е неговиот главен изговор секој пат кога не сака да разговара со вас. Ве навредува, понижува и ви ја уништува самодовербата. Вие страдате, но него не му е гајле и наместо да се менува, тој и понатаму го повторува истото.

Ги гледа солзите во вашите очи и не прави ништо за да ги застане. Гледа дека сте скршени, но не му е важно за вашите чувства. Нему му е важна само неговата среќа. Секогаш се трудите да бидете внимателни како се однесувате за да не го изнервирате и да не го разбудите бесот во него. Одите по куќата на прсти, размислувате за секој чекор кој ќе го направите, бидејќи не можете да го поднесете начинот на кој тој се однесува кон вас. Знаете што ќе се случи ако нешто погрешно направите или ако кажете. Молчите и чекате знак од него за да можете повторно нешто да кажете. Вие сте како птица во кафез. Не можете да му одолеете бидејќи мислите дека само тој ги има клучевите од вашиот кафез.

Сепак во еден момент сфаќате дека не сте родени да живеете во страв и да чекате тој да ве навредува со своите зборови. Сфаќате дека тој нема моќ над вас. Токму вие цело време ги држите клучевите на својот кафез. Сфаќате дека само вие одлучувате за тоа дали ќе бидете слободни или заклучени во кафезот. Одлучувате да заминете и да не дозволите тој да не ве почитува. Бидејќи не го направил животот таков.

Сам одлучил да стане отровна личност која не знае како да се однесува кон луѓето со почитување и која не знае да сака. Тој не е со лоша волја, туку бира лошо да се однесува кон вас. Сите оние жени кои толерираат лошо однесување на мажите треба да знаат дека лошото расположение никогаш не треба да биде оправдание за неговото лошо однесување. Не го направи животот таков. Не мешајте ја неговата суровост со љубов. Кога ќе го запознаете вистинскиот, ќе сфатите што пропуштивте цело време.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: