Не сакам еден ден да се разбудам со укочени рамена, болно тело, прашувајќи се како животот погрешно го изиграв

Не сакам еден ден да се разбудам со укочени рамена, болно тело, прашувајќи се како животот погрешно го изиграв. Не сакам да го погледнам човекот покрај мене и да видам лице, на некој во кој сум само половично заљубена- или уште полошо, не сум воопшто- само затоа што се плашам од таа голема љубов. Не сакам да станам од креветот и да се прашувам кога всушност умрев одвнатре. И можеби не го чувствуваат сите својот безживотен живот како вирус во својата суштина, но јас тоа го чувствувам.

Не дека не ми треба рутина или дека не уживам во некои аспекти на нормалност. Нормалната рутина, треба да биде како зрно прашина која паѓа по аглите на ‘ветрот на слободниот дух’, на кој му дозволувам да ме води од една авантура во друга. Да се живее среќно во љубов- тоа е мојот животен план; тоа не е ништо комплицирано, туку уште поедноставно од тоа. Сакам да го напуштам огнот на матеројализмот и наместо тоа да живеам живот со смисла.

Сакам да патувам околу оваа прекрасна земја со оној кој го сакам, да создавам спомени, надевајќи се дека луѓето и местата ќе ги оставам малку подобри отколку што биле кога ги најдов. Не мислам дека тоа им е наменето на сите, ниту велам дека тоа во секој случај е подобро од животот кои повеќето од нас го живеат. Се’ што знам е дека ‘нормалниот’ живот е како смрт на мојата душа. Некои од нас одат на иста работа веќе 30 год, а на крајот на кариерата добиваат, само мала пензија. Навистина, можеме да создадеме живот кој го посакуваме и ќе ми биде жал, ако јас се плашам да ги следам своите соништа.

Ќе го најдам овој убав утописки живот кој го сонувам, едноставно затоа што сум луда тоа да го направам. Вистина е дека само оние кои се луди ќе го најдат патот таму, каде што другите ќе речат дека го нема и јас ќе излезам од реалноста, преку сите правила кои се наменети, да ја угушат жената, која навистина сум и љубовта која ја пронајдов.

Што не е во ред со моите животни цели, ако сакам да патувам по овој свет помагајќи им на луѓето? Или со сонот, да го набљудувам излегувањето на сонцето на секој континент?

За мене, мојот животот нема да биде потполн, додека нозете не бидат во секој океан кој се прелева од сина во сива боја. Мојот живот ќе биде полн со живот и љубов и ќе ја пронајде среќата, само ако го следи моето ‘проклето’ срце.

Можеби сум луда. Можеби ќе морам да го променам мојот план, многу пати. Можеби ќе има денови, кога многу ќе се прашувам, додека ја ставам главата на перница, ако сум среќна и ако имам љубов, ништо нема да биде за џабе. Во душата ми е болката, што ме тера подалеку од конвенционалните параметри за животот, надвор од таа празнина и знам дека ме чека живот кој го посакувам.

Мојот живот ќе биде проценет по тоа колку животи допрев, мојата смисла ќе биде да ги разбудам туѓите срца, за да растат и ќе оставам дел од мене во секој пар очи кои ќе ми се насмевнат. Понекогаш ќе сфатиме дека ни е наменето повеќе од наивно пратење на правилата. Никогаш не се вклопив и сега сфаќам дека најголемите потешкотии и моменти на тага на кои наидов, беа оние моменти кога се обидував да направам поинаку од она што сум. Моите очи се поголеми од Месецот, а моето срце се прелева како благо море и навистина мојата душа е подеднакво длабока. Моите зборови можат да ги задвижат луѓето, но сакам моите дела да ги мотивираат. Можеби ќе исчезнам поради таа магија, но тоа нема да биде затоа што овој живот не е вистински, туку затоа што одбирам да верувам, дека животот може навистина да биде неверојатен.

Животот навистина може да се живее среќно во љубов- ако сме доволно храбри да сфатиме дека тоа е можно. Можеби за некое време ќе се зголеми свеста и љубавта, која го прави невозможното. Премногу видов за да се занимавам со ’нормални’ работи- и додека огнот кој го запалив може да се угасне од време на време, не постои друг начин да живеам, освен тоа да го работам со сето срце.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: