Можеби Бог ве учи на трпение, ако моментално сте натерани на чекање

Можеби не заслужувате она што моментално го проживувате и мора да научите како да пуштите, за да добиете она што навистина го заслужувате. Можеби не сте таму каде што планиравте. Можеби сакавте многу поинаква иднина, а досега не успеавте да ги остварите своите соништа…но, тоа е во ред.

Можеби затоа што Бог се обидува да ве научи својот живот да не го оценувате тргнувајќи од животот на другите луѓе. Можеби Семоќниот се обидува да ви сугерира дека тоа не е добра идеја- да се живее фокусирајќи се на очекувања кои другите ги поставиле за вас. Можеби Бог се обидува да ви каже дека сите ваши соништа не се вистински ваши. А сега е време да се одвоите од нив, колку и да е тешко.

Време е да сфатите дека имате можност да се дистанцирате од работи кои не ви се наменети вас. Можеби причината за вашата осаменост е тоа што уште не сте подготвени за вистинска љубов. Можеби треба прво да научите да ги сакате најблиските: семејството и пријателите. Можеби Бог ве учи да не се осврнувате на другите. Да сфатите дека вашата среќа не треба да зависи од одобрувањето на другите луѓе. Така ќе станете независна личност чиј живот не го одредува фактот дали е во врска или не.

Можеби Бог сака да живеете послободно и повеќе да се запознаете себе. Можеби не сте ги совладале лекциите кои треба да ги научите за да создадете навистина успешен однос. Не дава она што не сакате, бидејќи сака да ве научи на истрајност и упорност. Можеби сака да научите да се носите со разочарувањата и неуспехот, да ги совладате препреките. Сака да сфатите дека животот нема секогаш да оди онака како што сакате и како планирате. Можеби ве учи овој живот да не го земате толку сериозно. Дури и ако некоја врата се затвори, тоа не е причина за очај. Некаде се отвора друга врата за вас.

Можеби Бог се обидува да ве научи дека во секоја ситуација треба да ги пронајдете своите позитивни страни и да го видите зракот на надежта. Можеби Бог се обидува да ве научи да бидете поотпорни. За да можете да ја совладате способноста за прилагодување, бидејќи животот не ги дава сите потребни карти. Можеби уште треба да развиете некои аспекти на своја способност и токму поради тоа не добивате тоа што посакувате.

Можеби Бог ве тера да чекате, бидејќи сака да научите како да отпуштите. Можеби не заслужувате работи кои во овој момент посакувате. И мора да научите да се откажете од она што посакувате за да добиете она што навистина го посакувате. Можеби Бог ве учи да поставувате приоритери.

извор: econet.ru

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading